Најопасниот град на интернетот

Кај луѓето меѓу кои е озогласен прекарот му е Хакервил, за тие што живеат во него, градот се вика Рамнику Валчеа и е сместен во централна Романија.

Минатата година романските хакери имаат украдено над 1 милијарда долари. Најголемиот дел од криминалот е сторен токму од Хакервил.

Еден од главните ликови во ова движење е Гучифер, кој во рок до 2 години ги хакна мејловите на: семејството Буш, Хилари Клинтон, семејството Рокфелер, Колин Пауел и членови на бордот на Федералниот борд.

Ајсмен е Романецот што ги хакна мејловите на една од лабораториите на НАСА, им го среди безбедносниот пропуст и им остави порака - ве хакнав, ви поправив, барајте ме, во надеж дека ќе го бараат за работа. Го бараа ама не за работа.

Репортажа за градот и луѓево:

4 јули 2015 - 12:05