Како фрлив 4,8 милиони долари во биткоин

Приказната е од пред 5 години, а срцепарателното сценарио вклучува генерички портабл хард-диск од 250 гига и 1400 биткоини.

Камбел Симпсон е уредник на австралиското издание на Гизмодо, кој во 2010-та решава да види што е фората со тоа биткоинот и купува од криптовалутата за некои 25 долари (тогаш по курс од 1,5 цент за 1 биткоин).

Иако во тоа време биткоин се уште може релативно лесно да се извади со "копање", Симпсон наоѓа сајт на кој тој може да се купи по "квази-официјален курс," па ако секаде се продавале по 1,2 центи, таму биткоинот бил 1,5 центи. Ги купува од радозналост, затоа што таква му е работата и затоа што прочитал нешто околу тоа во Вајард.

"Парите" ги чува офлајн, вон која било тогашна онлајн банка или дигитален сеф. Во основа има текст фајл од неколку килобајти со долга низа бројки и букви кои се неговата енкрипција. Фајлот најнормално му е на диск. Хард-дискот му е подвижен и на него има од пиратирани филмови и музика, до мини портфолио, задачи, фотографии и слично.

После две селења (се преселил со девојката, па раскинал и се иселил) Симпсон еден ден фаќа да го реши купот вишок електроника што му се насобрал: УСБ-а, 3Д наочари, УСБ кабли, делови за компјутер и слични ситници. Во купот сосема свесно завршува и портабл дискот.

Како што објаснува Симпсон:

                "Нити ми требаше, нити ми беше гајле за дискот. Фотографиите ги имав на друг диск, се што имав пишувано ми беше на Гугл драјв, а музиката ми беше на десктопот.

Па, го фрлив."

Дека на дискот има биткоини му текнува дури неколку месеци подоцна, чисто затоа што му зафалил и друг фајл. Кога му текнува, малку се напнува, бидејќи од кога ги купи додека да ги фрли, цената пораснува на 2,5 долари по биткоин, па неговите 1.400 вредат горе-долу околу 4.000 долари. Она што му е утеха во тоа време е дека периодот добива унапредување, а биткоинот му изгледа како тренд кој ќе почне да бледее.

Во моментот, мај 2017, биткоинот ја има историски највисоката цена, и овие 1400 биткоини денес вредат 4,8 милиони долари. (Цената толку брзо расте што во времето на пишувањето на текстот пред неполна една недела, неговата загуба е 4,2 милиони долари).

29 мај 2017 - 17:06