ЕУ ќутенката работи на укинување на интернет слободите

Во невообичаена медиумска тишина, Европската комисија бутка еден законски предлог кој ако помине, ќе го претвори интернетот во боиште за тужби, судски процеси и обештетувања. На пример, нема да можете да го споделите овој текст.

Европската комисија неодамна тивко ја претстави Директивата за авторски права на единствениот дигитален пазар чие усвојување од страна на Европскиот парламент би значело речиси целосно укинување на слободната размена на информации преку интернет на територијата на ЕУ.

Постојат две причини за молчаливата атмосфера: првата е што предлог текстот е полн со двосмислени конструкции а своите намери комисијата ги маскира во формулации од типот: "подобар избор на интернет и прекугранична содржина како и пристап кон истите" или пак "поправеден и поодржлив пазар за креатори, креативни индустрии и печат."

Втората причина што големите медиуми молчат е што ако директивата помине, ќе профитираат само најголемите европски медиумски конзорциуми.

Се предлага ригорозна забрана за недозволено пренесување, цитирање, а во случајот на Гугл и линкување на содржини. Таа не би се однесувала само на компаниите кои работат на интернет туку и на самите корисници кои нема да можат да цитираат или линкаат некој медиумски текст на платформи како Фејсбук и Твитер.

Текстот на директивата предвидува отстапка за помали интернет страници и наведува дека правилата ќе се однесуваат само на страници 'со поголема интернет содржина'. Но, тоа е комплетно арбитрерна категорија со оглед на тоа што никаде не е пропишано каде е границата меѓу помала и поголема количина на содржини.

Заштитата на авторски права би траела дури 20 години што значи дека денеска не би можеле да споделите некој текст од 1996 година.

Меѓу улежаните евро парламентарци засега аларм дигаат само луѓето од Пиратската партија кои се обидуваат да му дадат гласност на проектот и да укажат на неговите несогледливи последици.

Им се придружи и непрофитната организација European Digital Rights (EDRi) која од граѓаните на ЕУ бараат да извршат притисок врз своите влади и претставнициte во европските тела да ја стопираат директивата.

"Тешко дека можевме да очекуваме и од најлошите диктатори да ја проверуваат целата содржина качена на интернет, а камоли од Европската Унија. Сакате ли Гугл да ги брише вашите записи дури и ако содржат макар фрагмент од друго место? Сакате ли правото на линкување - најосновниот аспект на функциониранњето на интернетот - да биде ограничено?", прашуваат од ЕДРи.

Можете да се приклучите на отпорот овде

22 ноември 2016 - 20:48