Батали школо, фаќај се за ЈуТјубот

Ќе ти се роди ќерка, ќе ја растеш, ќе ја пазиш, ќе ја учиш, ќе ја образуваш, ќе ја обливаш со љубов, ќе ти биде најважното нешто на светот, и на сето ова ќе дојде момент кога ќе наполни 8 години и ќе почне дома да ти носи по 120.000 долари месечно. Налет.

Девојчето се вика Чарли и на ЈуТјуб има свој канал на кој што готви заедно со помалата сестричка. Според рангирањето што го објави АдВик таа е една од најплатените ЈуТјуб ѕвезди.

Процените се дека CharlisCraftyKitchen во просек месечно генерира чисти приходи од речиси 128.000 долари. За да стигне до овие пари видеата на Чарли месечно во просек се прегледани над 29 милиони пати.

Чарли каналот го почнува во 2012-та на 6 годишна возраст, а со тек на време и се приклучува и сестричката Ашли чија функција е главен дегустатор, ама се меша и во готвењето. Генерално готват некакви слатки.

17 април 2015 - 13:40