Ако Трамп забрани вработени на Твитер да се вратат во САД, дали Твитер ќе го банира Трамп?

После почетното примирје меѓу технолошката индустрија и Трамп, одлуката на САД да го забрани влезот на муслимани во земјата ги врати двете страни на авансно подготвените фронтовски линии, па сега секоја компанија гледа некако да му направи зијан на Трамп или на неговиот план.

Освен идеолошко противење, дел од компаниите имаат логистички проблем па така на пример 200 вработени на Гугл со американска виза по одлуката најверојатно нема да можат да се вратат во САД.

Дилемата на Харисон Вебер во Венчурбит е кога Силиконската долина вистински ќе му врати на Трамп?

"Или гледајте го од друга страна: ако Трамп го забрани враќањето на вработените на Твитер во земјата, дали Џек Дорси ќе го забрани Трамп на Твитер? Што е со Гугл? Фејсбук?

Да го цитирам Анил Даш: 'Кога нет-неутралноста беше проблем Гугл, Твитер, Википедија, Редит, Тамблр, и.тн. направија помрачување, и тоа успеа. Овој пат работата е многу полоша.'

Силициумската долина треба да одлучи што е ок, а што не е, и тука да повлече линија," пишува Вебер.

30 јануари 2017 - 13:34