Ако немате денес за што да ве јаде јанѕа, тогаш да зборуваме за биткоин

Ако пред 7 години, на 22 мај, заради какви било причини си купил биткоин во вредност од 100 долари, денес истите тие биткоини ќе ти вредеа - 73 милиони долари.

Во понеделникот беше седмата годишнина од Биткоин пица денот, моментот кога програмерот Лазло Ханјец потроши 10.000 биткоини за купување на две пици. Заради ова, 22 мај 2010 се смета за денот кога е направена првата трансакција со криптовалутата.

Вчера исто така биткоинот достигна нова рекордна вранест од 2.251 долар за 1 биткоин.

За споредба, во времето кога програмерот Лазло ги купува двете пици, цената на биткоинот е 0,003 центи. По денешен курс на биткоинот, Лазло двете пици ги има платено нешто повеќе од 22,5 милиони долари.

Иако не се сите уште на чисто со криптовалутата, и таа продолжува да се поврзува со криминални активности, неодамна Јапонија изгласа закон кој им дозволува на продавниците да прифаќаат биткоин како легална валута.

 

23 мај 2017 - 10:11