Зошто 40% попуст не значи тоа што мислиш дека значи

Под притисок на повеќе групни тужби, американските синџири на продавници решија со купувачите малку да ги разјаснат работите околу тоа како тие го пресметуваат попустот.

Само во Калифорнија има поднесено 35 групни тужби, во кои купувачите тврдат дека биле прелажани околу попустот од страна на некој голем бренд. Според тужбите измамата е што на пример кога влегуваш во продавница и гледаш некоја чанта која има 40% попуст, дека таа чанта никогаш не се продавала по цената во однос на која се пресметува овој попуст.

Минатата година по оваа основа Џеј Си Пени плати оштета од 50 милиони долари, а Мајкл Корс за слична тужба (стока произведена за аутлет, а се продава во аутлет како регуларен производ по намалена цена) одвои 4,9 милиони.

Од ланецот стоковни куќи Кол, соочен со две тужби заради попустите, објаснуваат кои сè варијабли можат да влијаат на одредувањето на основната цена по која се пресметува попустот:

- дека она што на етикетите го покажуваат како "регуларна цена може да се однесува на поранешна или идна цена на производот";

- дека регуларната цена на етикетата може да се однесува за тој производ или за друг, или пак цената на производ кај нив во продавница или во друга продавница;

- дека постои можност производот уште од старт во продавницата да не се продавал по регуларна цена, туку и стартната цена да била со попуст во однос на она колку таа требало да чини, па после оваа втората, никогаш не прикажаната сума, се зема за основица на попустот.

Стоковната куќа Мејси, на својот сајт има појаснување за политиката на цени, каде се вели дека: "'регуларната' или 'оригиналната' прикажува цени кои можеби никогаш не биле пуштени во продажба, и некои 'оригинални' цени може да не биле актуелни во изминатите 90 дена."

Нордсторм, исто така обвинет во неколку тужби, објаснува дека референтната, стартна цена, по која се пресметува попустот може да значи една од овие четири работи:

- може да е препорачана цена од производителот;

- може да е сума која добавувачот на Нордсторм ја потврдува "продажна цена пред попуст";

- цена што ја наплаќаат другите продавачи на истиот производ;

-цена на "слични, неидентични производи на релевантниот пазар."

целиот текст

6 февруари 2016 - 15:34