Зара се преврте од правење пари на интернет

Он-лајн продажбата на Зара во април пораснала за спектакуларни 95%, затоа што продавниците низ Европа им беа затворени, а народ и понатаму не може да додржи да не купува евтина нова облека, па макар и за седење дома.

Тоа се добрите вести, лошите се што и покрај спектакуларни резултати на интернет, Зара ја забележа првата квартална загуба во своето постоење, откако продажбата за првите три месеци од 2020 им паѓа на 3,3 милијарди долари, споредено со 5,9 милијарди долари во 2020. Ваквата разлика во вкупен обрт, довела до квартална загуба од 409 милиони евра.

Индитекс, сопственикот на Зара, чиј план е до 2022 една четвртина од вкупната продажба да отпаѓа на интернет, претходно објави планови во следните 3 години да инвестира по 900 милиони евра годишно на големи централизирани продавници и на својата он-лајн платформа.

Компанијата очекува најголемиот дел од нејзините продавници да бидат отворени кон крајот на месецов.

Една од предностите што Зара ги има во моментов е за разлика од своите конкуренти располага со кеш резерва од 5,8 милијарди евра. Минатата година туцето беше 6,7 милијарди евра.

10 јуни 2020 - 13:26