Што потпишаа Трамп и Саудијците за (околу) 400 милијарди долари

Освен што се клатеа и играа, Трамп и Саудијците тераа бизнис како првиов никогаш да не рекол дека саудиските принцови контролираат американски политичари со пари од татко им.

Процените се дека склучените договори меѓу двете страни вкупно вредат од 300 до околу 400 милијарди долари.

Се уште не се објавени сите договори, а она што до сега се знае е следното:

- САД на саудиското министерството за одбрана ќе му продаде пакет воена опрема во вредност од 110 милијарди долари.

- Нафтената компанија Сауди Арамко потпиша 50 милијарди долари вредни договори со американски компании.

- Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија се обврза на вложување 20 милијарди во инфраструктурните инвестиции на Блекстоун групацијата претежно во САД.

Иако нема детална информација која американска компанија колку учествува во договорите, според делумните информации списокот е следен.

- (Одбрана) Локхид Мартин потпиша меморандум за разбирање за 150 Блек хок хеликоптери да бидат составени во Саудиска Арабија.

- (Одбрана) Рајтеон, еден од најголемите американски производители на оружје, ќе основа Рајтеон Арабија со седиште во Ријад.

- (Одбрана) Генерал динамикс, корпорација која произведува воздушни, копнени и поморски воени системи се согласи да го локализира дизајнирањето, изработката, производството и поддршката за оклопни воени возила.

- (Индустрија) Генерал електрик потпиша меморандум за разбирање со Саудиска Арабија во вредност од 15 милијарди долари.

- (Индустрија) Ханивел интернационал, конгломерат производител на сè од бела техника до воздушно-вселенски системи, потпиша ист таков меморандум на 3,6 милијарди долари.

- (Индустрија) Мекдермот интернационал, меѓународна градежна компанија, исто така потпиша меморандум во вредност од 2,8 милијарди долари.

- (Индустрија) Боинг и Саудигалф ерлајнс треба да преговараат за голема нарачка на авиони.

- (Индустрија) Јакобс инженеринг груп, компанија за професионални технички услуги, потпишаа меморандум во вредност од 250 милиони долари.

- (Нафта) Сауди Арамко го апдејтуваше меморандумот со Рован кос за процесот за дизајнирање на офшор дупчалки за нафта како дел од 7 милијарди долари вредната инвестиција во следните 10 години; Рован ќе ги поседува и управува офшор платформите.

- (Нафта) Рован потпишаа меморандум со Арамко и за добавувачи чиј првичен износ е 1,2 милијарди долари.

- (Нафта) Сауди Арамко потпиша и меморандум за дополнително услуги околу нафтените бунари и испитување за движењето на платформите, како дел од продолжувањето на заедничката соработка со Наборс индустрис. Оваа соработка ќе добие инвестиција од 9 милијарди долари во следните 10 години.

- Наборс потпиша меморандум со Арамко и за добавувачи во вредност од 1,6 милијарди долари.

- Арамко и Нешнл оилвел варко ќе имаат и заеднички вложување во производство на системи и опрема за бушење.

22 мај 2017 - 17:05