Според најбогатиот човек на светот

Проблемот со Америка е што богатите имаат премногу пари

86-годишен сопственик на 75,6 милијарди долари, деновиве изјави дека иако во САД има изобилие пари, преовладувачки масовен дел од тие пари се во рацете на мал број богаташи, што е причина зошто голем број луѓе едвај преживуваат.

"Вистинскиот проблем според мене е што просперитетот беше неверојатен за екстремно богатите.

Ако се вратиш во 1982, кога Форбс ја составува својата прва листа на 400 најбогати луѓе, тие заедно имаат 93 милијарди долари. Денес тие имаат 2400 милијарди, што е 25 пати повеќе. Ова е просперитет кој беше диспропорционално поволен за луѓето на врвот," изјавил Ворен Бафет во интервју за Пибиес.

Од 80-те до денес најбогатите Американци го имаат за два пати зголемено својот удел во вкупниот приход на цели 20%. Во исто време, долните 50% имаат помал дел во купот и од 20% во 80-те, денес тие учествуваат со само 12%.

Според Бафет ова е резултат на еволуцијата на американската економија, и дека ваквиот тек е прифатлив за економијата, компаниите и општо за остатокот од светот, "ама не е и во корист за работникот во железара во Охајо."

28 јуни 2017 - 14:38