Не е кикирика сè што се лупи

Многумина уште жалат што кризата не ја пресретнаа со купување злато кое повторно се покажа како валута на која секогаш можеш да се потпреш во кризни времиња. Но, вистинското инвестициско елдорадо е кај бананите и кикириките.

Терминските договори за одреден вид храна се покажаа како паметна "диверзификација на портфолиото" (да не пукнеш сè на иста карта а баш на таа карта да ѝ тргне).

Добро, не сета храна е паметна за инвестирање. Пченицата е аут ама затоа бананите, од 2008-ма до сега берзантски пораснаа за 50 посто а кикириките за 52, 2 проценти.

Ваквиот влез во безрата секогаш е рискантен бидејќи навистина тешко се предвидуваат нејзините движења. Пченицата изгледа како сигурен пласман но за една година изгуби една четвртина од својата вредност. Наспроти неа, заработката кај оризот е 22 процента.

Изненадување е и цената на кафето кое за 4 години поскапе за 40 проценти и телешкото кое има раст од 30 проценти.

Залтото беше добар пазар но драстичниот раст му се прекина уште лани. Светските индекси сè уште закрепнуваат од крахот на Леман Брадерс а македонската берза долго време е невидена тиња.

27 јуни 2012 - 10:05