Најскапиот развод на сите времиња?

Харолд Хам е 13-то дете во сиромашно земјоделско семејство. Неполни 70 години подоцна тој денес поседува повеќе нафта од кој било човек на светов (што не е крал или диктатор). Проценет е на 17 милијарди долари, сума која инстантно ќе се намали ако работите излезат по ќеиф на сопругата која од лани сака да го разведе.

Дилемата која што треба да ја реши судот, и според тоа да одлучи дали богатството на Хам ќе го дели на пола, е - дали Хам станал еден од најбогатите луѓе на светот на среќа, и дека случајно му се погодило да го открие црното злато, или пак тој се наоѓа на оваа позиција благодарејќи на својот труд и знаење.

Во разводот Хам навива судијата да ја избере варијантата "успеал на среќа."

Цаката е во активната наспроти пасивната процена на брачниот имот, "ако неговата работа е она што го направило богат (активно), тогаш богатството е брачен имот, и предмет на еднаква поделба. Ако пак може да се припише на пасивни фактори - надвор од неговата контрола, како среќа на пример - тогаш тоа останува во сопственост на Харолд."

Хам веќе има поднесено до судот милиони страници документи кои треба да докажат дека неговиот успех се должи на среќа.

Кратката приказна за Хам е дека тој ја основа Continental Resources (со позајмени пари) во 1967-ма, цели 20 години пред да ја запознае неговата идна поранешна сопруга - Су Ен. Моментално компанијата на Хам вреди 17 милијарди долари.

26 август 2014 - 14:55