Копачите (милијардерско издание)

Не дека милијардерите од типот на Лари Пејџ и Марк Закерберг се за жалење, проблемот е што тие не можат да ги уживаат милијардите како што вие мислите дека би ги уживале.

Пол Грем (доста влијателен програмер и инвеститор) објаснува дека како што Пејџ и Закерберг управуваат со Гугл и Фејсбук, така и компаниите управуваат со животот на нивните ЦЕО-а и сопственици.

Плус на ова е што на милијардерите им е ускратено едно од најважните човечки права - да се пожалат на нешто, поточно колку е тешко да се живее како милијардер.

"Лери Пејџ изгледа како да има живот за завидување, ама има и одредени аспекти на овој живот кои се незавидни. Во основа тој на 25 години почна да трча набрзо што може и нему сигурно му изгледа како од тогаш да нема запрено ни на миг за да земе воздух. Секој ден во Гугл се случуваат нови срања, со кои само ЦЕО-то може да се справи, и тој како ЦЕО мора да ги реши тие работи.

Ако оди и само една недела на одмор, му се акумулираат срања од целата недела. И тој некако мора да се справи со ова без да се жали, делумно затоа што како татко на компанијата никогаш не смее да покаже страв или слабост, и делумно затоа што милијардерите добиваат нула сочувство ако зборуваат за тоа колку им е тежок животот. Сето ова има чуден страничен ефект во кој тешкотијата да бидеш успешен основач на стартап е скриена од речиси секој освен од оние кои некако успеале.

... Марк Закерберг никогаш нема да се шета како клошар во странска држава. Тој може да прави други работи што најголемиот дел од луѓето не можат, како летање со приватен авион во странски држави, ама успехот му уништи добар дел од случајностите во неговиот живот. Фејсбук управува со него, речиси исто колку што тој управува со Фејсбук," објаснил Грем во еден говор на Универзитетот Стендфорд

13 октомври 2014 - 12:54