Колумбискиот пелена картел

Кога во држава преплавена со кокаин некој се фаќа да прави криминал со пелени, човек почнува да им верува на тазе татковци ужаснати од парите што ги оставаат за пелени.

Во втората половина на 2013-та инспектори почнуваат со истрага околу местењето на цени на различни производи низ Колумбија. Тие истражуваат најразлични индустрии од производство на ориз и шеќер, до цемент.

Истрагата открива "пелена картел," група меѓународни и домашни компании кои се осомничени дека вештачки ги кревале цените на пелените од 2000-та до 2013-та.

Во пелените се замешани 44 поединци и 5 компании, а доказите почнуваат да се појавуваат во ноември 2013-та, кога неколку учесници им доставуваат докази на инспекторите.

За обртот на картелот, треба да се има предвид дека пазарот на пелени во Колумбија покрива околу 2 милиона бебиња, кои годишно трошат околу 1 милијарда пелени.

21 август 2014 - 16:56