Колку пари е да отвориш МекДоналдс ресторан

Да почнеме од медот, пресметките се за американски пазар и според нив просечниот МекДоналдс ресторан генерира 2,5 милиони долари продажба годишно. Сега за трошоците.

За да отвориш еден единствен ресторан компанијата бара потенцијалниот сопственик на франшиза да има ликвидни средства од најмалку 750.000 долари. Откако ќе го отвориш ресторанот плаќаш 45.000 долари месечно за франшиза и континуиран месечен сервис во износ од 4% од бруто продажбата.

Почетните трошоци, кои вклучуваат изградба и трошоци за опрема, се меѓу 955.708 долари и 2,3 милиони долари, според официјални бројки од МекДоналдс. Точните бројки зависат од локацијата и големината на ресторанот, како и изборот на кујнска опрема, ентериерот и трошоците за уредување на околината.

Сопственикот на франшизата мора да плати 40% од стартните трошоци во готово и други непозајмени извори, додека остатокот може да биде финансиран (од банки, кредити и друго).

Стартните трошоци за МекДоналдс франшизата се на слично ниво како и КФЦ, Вендис и Тако Бел. Најевтини од сите се Сабвеј со франшиза меѓу 116.000 и 262.850 долари. Сабвеј бара и ликвидни средства од 30 до 90 илјади долари.

Ако сакате да преземете нешто во врска со немањето МекДоналдс кај нас еве ви го линкот

18 ноември 2014 - 17:11