Другиот во Ворен Бафет

Дојче Банк не смета дека е истиот човек или карактер, само ги прашуваат своите клиенти како би се чувствувале кога Гордон Геко би ја купил Крафт, откако пред две години го купи Хајнц?

Во петочната комуникација со клиентите, Дојче Банк прави споредба како би реагирале медиумите во врска со неодамнешниот договор на Бафет за купување на Крафт, кгоа тоа би го направил лик како Гордон Геко.

"Мисловен експеримент: како ова спојување би било пренесено од медиумите ако го замениш популарниот и мил Ворен Бафет со Гордон Геко? Без сомнеж критичарите веднаш ќе се повикаа на неговата смела аквизиција на Хајнц од пред две години. Потоа, тажните приказни на отпуштените работници и разурнати фабрики со цел да се надомести за тоа што плати 40% поскапо од просекот на деценијата. Откако ја крена маржата на ЕБИТДА (заработувачка пред расходи) на 28%, наспроти светскиот просек од 11%, приказната се врти на тоа како Гордон го почнува нападот на Крафт...

... Наоколу ќе се поставуваа прашања за одржливоста на кратењето на ОПЕКС-от на Хајнц (оперативни трошоци ) и за судбината на 22.000 работници на Крафт. Меѓутоа Ворен не е Гордон - и таков наратив е незамислив."

30 март 2015 - 13:30