"Дневниот промет" на милијардерите

Блумберг изработи листа на топ 500 милијардери во светот која се разликува од сите останатите листи на темава по тоа што дневно ги евидентира промените во нивното богатство.

Бројките се апдејтуваат секој ден по затворањето на тргувањето на берзата во Њујорк.

Па така, од последното затворање на берзата најбогатиот човек на светот Бил Гејтс е побогат за 38,6 милиони долари, додека за истиот период најмногу "скокнал" Карлос Слим со плус од 1,43 милијарди долари.

Ворен Бафет е паднат за 147 милиони долари, а најголем минус во петокот попладне има Кинезот Ванг Веи, кој изгуби 2,14 милијарди долари или речиси 8% од неговата вредност.

Во последниот пресек на Блумберг од топ 500-те 273 милијардери завршиле со плус, а 227 со минус.

Топ 20 денес изгледаат вака:

6 март 2017 - 10:32