Банкарката што ја спаси руската економија

Рускиот црн вторник се случува на 16-ти декември, денот кога рубљата е во слободен пад и завршува на рекордно ниско ниво. Елвира Набиулина, гувернерката на централната банка, го следи падот на рубљата на својот таблет и решава дека овој пат ништо нема да направи: "Русија повеќе нема да се бори со пазарот."

Иако во тој момент сето ова изгледаше катастрофално, ваквата одлука почнува да се исплати за Набиулина, која и покрај санкциите некако успева да ја стабилизира рубљата и да се врати 19% во однос на доларот, "Русија се уште се соочува со болна рецесија од падот на цената на нафтата... ама барем економијата повеќе не е пред амбис." Минатата недела министерот за финансии на Русија, Антон Силуванов објави дека најтешкото за руската економија е завршено.

Консензусот е дека и покрај номиналната независност на Централната банка, и таа е под контрола на Путин. Меѓутоа успехот на Набиулина е што се наметнува како посебна сила, која има директна линија со претседателот. Во декември кога советниците го тераат Путин да наметне мерки за спасување на рубљата, Набиулина се противи на тоа и инсистира рубљата да се остави слободно да се движи, што и да се случи.

"Ова е историски момент, бидејќи таа го убеди Путин да прифати пазарно решение за проблем кој се заканува на целиот банкарски систем," објаснува претседателот на УБС Русија, Раир Симонјан.

За аналитичарите оваа одлука е најголемиот финансиски ризик во 15-годишното владеење на Путин.

"Малкумина во банкарскиот сектор требало да се справуваат со геополитика како Набиулина, првата жена која што ја предводи Групата од осум централни банки. Како што Путин тргна да го анектира Крим, таа почна да ги следи социјалните медиуми за очекувањата на инвеститорите околу рубљата.

Ниту Набиулина ниту Путин не беа подготвени за колапсот на нафтата кој наопаку ја преврте економијата. Сепак, низ сето ова претседателот стоеше зад неа," пишува Блумберг бизнис.

26 март 2015 - 10:42