Америко, и Богу си лесна!

Како дел од Црниот петок (или како дел од некој внатрешен зол социолошки експеримент) Cards Against Humanity, популарната и политички некоректна игра со карти, на својот сајт ја имаше понудата на сезоната: платете ни 5 долари за апсолутно ништо. Кратката верзија на сторијата е - од апсолутно ништо заработија 71.000 долари.

Компанијата која постојано се обидува да се промовира како чисто зло, а играта ја продава како "игра за ужасни луѓе," својата комплетна онлајн продавница во петокот ја замени со опцијата да им платат 5 долари за ништо.

Во понудата, компанијата најтранспарентно има истакнато дека им давате пари за ништо, а пред да ја комплетираш трансакцијата треба да го штиклираш полето "Разбирам дека им плаќам 5 долари на Карти против човештвото и за тоа не добивам ништо за возврат."

"На Црн петок сите продаваат нешто. Ние сме единствената компанија која го нуди супериорното искуство за Црн петок на купување ништо," објаснува компанијата на својата веб страна.

Тие допрва ќе објават што ќе прават со парите што ги добија.

Минатата година за Црн петок продаваа црна кутија на која пишуваше "Bullshit" чија содржина комплетно беше автентична со натписот на кутијата. Цената на кутијата беше 6 долари.

28 ноември 2015 - 14:50