Балкан

Вучиќ за Еуроњуз: Бркајте си работа

Српскиот претседател вика дека му е преку глава од тоа Запад да ѝ држи лекции на Србија за нејзините односи со Русија, Кина и другите, а истовремено 20 години да ја држи настрана од европската перспектива.„Еве и со Приштина да постигнеме договор, ќе биде тоа зелено светло?“ ги прашувал упорно тој своите колеги и секогаш добивал туц-муц одговори.

Грција ќе ја тужи Турција во Хаг

Мицокатис ќе ја носи Турција во Хаг заради договорот со Либија околу нивната меѓусебна поморска граница. На нашите соседи им посакуваме да го добијат случајот, тек да видат колку истерувањето правда во Хаг е - правда.

Одете им па ќе ни раскажувате како е

Наивно беше да се верува дека големите преселби на 21от век туку така ќе престанат, со еден договор со Турција.  Додека западна Европа стравува од наезда од Македонија и Албанија, наезда изгледа сепак ќе се случи. Од главно секуларни Сиријци на кои истата Европа придонесе (во најдобар случај не спречи) да им се сјебат животите.

Грција со закон ќе воведува задолжителен он-лајн шопинг

Откако ниту една претходна мерка не помогна плаќањето данок малку од малку да пркне, Грците сега ќе пробаат оваа навика да ја всадат преку користење картички.

Долга е раката на Кинезот

Само неколку дена по посетата на Џинпинг на Грција (која ние ја проследивме преку субмисивниот говор на домаќинот), кај нашите соседи веќе има плодови од договорената поблиска соработка меѓу двете земји. Во Атина се уапсени 4 лица заради медитирање. Медитирале на начин кој на Кинезите ама ич не им се допаѓа.

Грците ќе чадат мигранти со скара

Со сета мудрост карактеристична за грчка радикална десница, група грчки националисти за викендов закажаа правење скара (нормално свинска) веднаш до еден од бегалските кампови во земјата.

Зошто НЕ-то на Макрон е првиот чекор кон трајно НЕ

Макрон беше единствен ЕУ лидер кој стави вето на почетокот на преговорите на Македонија за членство во Унијата. И многу е веројатно дека ова вето во блиска иднина ќе остане непроменето.

Словенија има 4 Груевци

Словенечката влада, која упорно не дава никакви официјални податоци за набавката, беше исцинкарена од сопствениот регистар за следење на трошењето на буџетот кој потврди дека владата платила 2 милиони евра за четири нови блиндирани возила.

Златна зора сè послабо изгрева

Нео-нацистичката партија го скрати бројот на вработени во седишето во Атина, а низ земјата ги испозатвори своите канцеларии. Ова е делумно затоа што нивната галама главно издиша, а делумно и затоа што добар дел од другите партии ги приближија своите ставови кон некогаш незамисливото однесување.

Дрвен Трамп никна во Словенија

Американскиот претседател деновиве по иницијатива на локалците доби споменик во Словенија, кој повеќе е од типот „важно е чест да направиме“.

Со булдожер му го срушиле ресторанот на оној лудак од Албанија

Албанските власти со булдожер ги израмнија сметките со сопственикот на ресторанот кој му нанесе невиден резил на албанскиот туризам откако сите ја видоа снимката како качен на хауба пробува да упадне во кола на негови гости од Шпанија додека овие панично се надеваат дека ќе наидат на полиција. Да беше кај нас, сопственикот ќе можеше да се жали „Ме рушите затоа што сум Албанец.“

Западен Балкан стигна во Европа

Во Европската унија лани легално се доселиле 228.000 граѓани на земјите од западен Балкан - Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Косово. Од ослободената, нормализирана и блескава Македонија е бежанија поголема од она од Босна, Србија, Косово или Црна Гора.

Грција ја укина забраната за полиција на универзитетските кампуси

За време на студентскиот бунт против грчката воена хунта од 1973-та, командант на грчката армија наредува упаѓање на тенкови во кампусот на атинскиот Политехнички универзитет. Загинуваат 23-студенти. Заради ова повеќе од 40 години во Грција на сите безбедносни структури им беше забранет пристап во универзитетските кампуси во земјата. До пред некој ден.

Шта је, Аустријци, фрка, а?

Оригиналот е со Евреи и Цане од Партибрејкерс им го има кажано тоа во клуб во Израел, кога почнала да работи дим-машината. Австријци влегуваат во штосот кога ќе дознаете чиј потомок е Цане.

Наследството на Сириза: Народ без надеж

Некому ќе му звучи познато ама, тоа е: „Кога дојдоа на власт верувавме дека нештата може да се променат. Сега веќе не веруваме во ништо,“ вели еден од бројните разочарани фанови на партијата која штотуку ги изгуби изборите во Грција.

Грција и релативноста на силувањето

Министерот за правда на Ципрас, Михалис Калогиру, во грчкиот парламент поднесе предлог закон со кој се олабавуваат казните за силување и што сè се смета за силување според грчките закони.

Грција пак: За репарации што правиме?

Тестирајќи до каде можат да го истераат принципот „Грк не добива пари додека не заплаче“, владата на Грција повторно ги повика Германците да седнат да разговараат околу репарации за двете светски војни. Другата страна и понатаму е на иста дистанца: тоа е решено пред многу години.

Со кого тоа грчкото изборно тело го облагороди европскиот парламент

227.534 Грци сметале дека Киријакос Велопулос е најсоодветниот човек да ги претставува во Европскиот парламент. Член на партијата со радикално име и иста таква, радикално десничарска политика, „Грчко решение“, тој е сепак најпознат по друга своја дејност - телешопинг и продажба на, најблаго речено, необични артефакти.

Хрватска, олуја

Загреб преживеа ветар каков што луѓето таму не памтат последниве 45 години. Преку 100 километри на час, со корнење дрвја, фасади и кровови. Надлежните служби за помош имале неколку стотици интервенции а на терен се неколку илјади пожарникари кои пробуваат да ја санираат штетата.  

Нема тебе, нема мене, јој

Од вкупно 257 поголеми населени места во Бугарија, во дури 229 места населението лани било помалубројно отколку претходната година. Имаат шест места кои по навика, нагалено ги викаат градови а се со помалку од 1.000 жители. Добро, барем на тие заедничките славења нема да се буткаме.

Кинескиот поход на Европа заглави на грчки комисии

Објаснувајќи ја велелепноста и добронамерноста на кинескиот проект Новиот пат на свилата, кинеските медиуми признаваат дека и покрај сите пари со кои располагаат нивниот проект заглавил на пристаништето во Пиреј и инаетот на локалните Грци.

Хрватите протеруваат Босанци што не сакаат да кодошат за нив

Разузнавачките структури на Хрватска веќе ги етикетираат како безбедносна закана Босанците што не сакаат да соработуваат со нив.

Грчки рецепт за втерување одговорност кај општинари

Седница на локални власти одговорни за училиштата во една од населбите во Атина. Комплетно ненајавено на седницата влетува еден крајно разбеснет родител заедно со блок малтер.

На Грците нема кој да им ги собере парите за данок

Ако до пред кризата грчката држава имаш проблем со собирање данок, сега има проблем со собирање вработени во даночната служба.