За грчките работи

Ноќеска на Грција и истече рокот за плаќање на рата од долгот кон кредиторите со што земјата и официјално влезе во долго најавуваниот банкрот. Без разлика колку тоа изгледа траорно, ова е некаде 6-ти пат во поновата историја Грција да банкротира.

- Антички историски првиот банкрот на Грците е во 4-от век п.н.е, кога 13 грчки градови-држави позајмуваат пари од Храмот на Делос, меѓутоа најголемиот дел од нив не ги вратиле парите. Храмот има околу 80% загуба на основицата.

- Модерно историски Грција има вкупно 5 банкроти. Првиот е 1826-та за време на Војната за независност од Турците; 1843 прекинува да ги отплаќа долговите од заемот од 1832-ра; 1860-та по уште еден банкрот Грција е избркана од меѓународните пазари се до 1878-ма; откако се враќа на пазарите позајмувачите се премногу подготвени да и дадат пари, па во 1893-та владата го прекинува исплаќањето на долговите; 1932-ра е банкрот предизвикан од Големата депресија.

- Од 196 години независност 90 години Грција ги минува во финансиски кризи.

- Корупцијата ја чини Грција меѓу 8 и 10 проценти од годишниот БДП.

- 49,7% од младата популација на Грција е невработена.

- 63,5% од Грците на возраст од 18 до 34 години живеат со своите родители.

- Само 23,9% од грчката популација е под границата од 24 години, додека 32,9% се над границата од 55 години.

- Грција има 5-пати поголема територија од Масачусетс, ама Масачусетс има 2 пати поголем БДП.

- Грчките економски проблеми денес се поголеми отколку американските за време на Големата депресија.

- Грчкиот просек е 2.795 испушени цигари по глава на жител годишно, со што се на трето место свет.

1 јули 2015 - 14:51