Оставката на Варуфакис

Веќе не сум министер!

Референдумот од 5-ти јули ќе остане како уникатен момент во историјата, кога една мала европска нација се крена против ропството на долгот.

Како и сите борби за демократски права, и ова историско отфрлање на ултиматумот на Еврогрупата од 25-ти јуни доаѓа со голема цена. Затоа, клучно е овој огромен капитал доделен на нашата влада од сјајното гласање НЕ, да биде веднаш инвестиран во ДА за прикладно решение - за договор кој вклучува преструктуирање на долгот, помалку штедење, редистрибуција во корист на оние кои имаат најголема потреба, и вистински реформи.

Кратко по објавувањето на резултатите од референдумот, ми беше посочено за одредена склоност на дел од учесниците во Еврогрупaта, и одредени "партнери" кон мое "отсуство" од состаноците; идеја која Премиерот ја оцени како потенцијално корисна за него при постигнување на договор. Од овие причини, јас денес го напуштам Министерството за финансии.

Сметам дека е моја должност да му помогнам на Алексис Ципрас да го искористи, како што тој смета дека треба, капиталот кој грчките граѓани ни го дадоа преку вчерашниот референдум.

И со гордост ќе го носам презирот од кредиторите.

Ние од левицата знаме како колективно да делуваме без да ни е гајле за привилегијата на имање функција. Јас комплетно ќе го подржам премиерот Ципрас, новиот министер за финансии и нашата влада.

Натчовечкиот напор да се испочитува храбриот народ на Грција, и славното ОХИ кое тие им го подарија на демократите низ целиот свет, само што почнува.

Јанис Варуфакис

6 јули 2015 - 13:19