Пензионерка на денот:

Што ќе правеа паметните да не бевме ние лудите да чистиме по нив?

Приказна за една босанска пензионерка која секој ден, точно во исто време излегува од дома и го чисти градот од ѓубрето кое го фрлат нејзините сограѓани.

"Јајце е едно од најубавите и најчистите гратчиња во нашата земја," со гордост вели 75 годишната Решида Ковачевиќ која цели 16 години секојдневно го подзачистува градот од ѓубрето кое го прават минувачите.

Многумина ја одвраќале од оваа залудна работа или пак ја мислат за луда.

"А што ќе правеа овие паметните да не бевме ние лудите да чистиме после нив? Ми викаат дека е срамота, цел живот во канцеларија имам работено. Не, срамота е да убиеш, да лажеш или крадеш, а јас ова со гордост го правам".

Запрашана што толку долго ја држи во оваа мисија кога знае дека истите жбунови и ќошиња кои ги зачистила веќе утре повторно ќе бидат полни со отпоадоци, Решида вика:

"Жал ми е за природата. Таа може без нас а ние не можеме без неа. А таа сè ни дава," вели оваа мудра босанска Индијанка од историското Јајце.

Пред пензионирањето работела како дактилографка.

 

2 јануари 2017 - 15:03