Се гаси Б92

Од Нова година повеќе нема да постои Б92, а на нејзино место доаѓа ОТВ. Со ова завршува трансформацијата на телевизијата од информативна во забавна.

Веста ја објавува Блиц на насловната страна на денешниот број, а веста не ја потврдуваат или демантираат ниту директорот ниту еден од основачите на телевизијата. Според српското регулаторно тело за електронски медиуми, не постои никаква препрека за Б92 да го промени името.

Инаку веќе неколку месеци целата програма на Б92 се емитува од репортажни возила, бидејќи во тек е преселбата на телевизијата во истиот комплекс во кој се наоѓа Прва ТВ. И двете телевизии (Прва ТВ и Б92) се во сопственост на Гркот Стефанос Пападопулос. Без никаква промена продолжуваат со работа Б92 инфо и Радио Б92.

По 14 години работа, освен името и локацијата, Б92 комплетно го менува и својот концепт, па од сега првенствено ќе емитува забавна програма.

21 октомври 2014 - 13:17