Првата ромска кафана во Европа

Се работи за владин проект за кој Словенците успеале да извадат 300 илјади евра од парите на ЕУ. Името на локалот е "Романи кафенава."

Кафаната се наоѓа во Марибор, и станува збор "проект за социјално претприемаштво и засилување на мултикултурата." Малку е проблематична последната ставка бидејќи локалот требаше да биде отворен многу порано, ама имаше проблем со противење на жителите од соседството во кое се наоѓа.

За почеток кафаната има на располагање околу 300.000 евра од европски фондови, кои треба да бидат гаранција дека нема да пропадне. Парите би требало да се доволни за околу година и пол работа, по што се очекува таа да почне да прави профит.

Проектот се промовира како "пример за добра пракса за вклучување на ромското малцинство во општеството, но и за намалување на невработеноста на Ромите во Словенија, со можност за отворање на нови ромски кафани."

Ресторанот има 15 вработени, од кои 4 не се Роми.

15 април 2014 - 10:52