Министерот за финансии пригоден за грчка трагедија

Ако Грција во многу скоро време не добие пари на заем земјата може ќе биде присилена да ја напушти Еврозоната. И покрај ова Грција ни под разно нема да прифати голем број од условите што се бараат од нејзе. "Проклет да сум ако прифатам уште еден пакет на економски политики кои ќе ја продолжат истата криза. Тоа не е она за што бев избран," гневно и објаснува Варуфакис на новинарката на Њујорк Тајмс.

"Варуфакис е министер за финансии околу 4 месеци, ама приказната за тоа како ја втурна Европа во проблеми се развива повеќе години," пишува Сузи Хенсен во анализата за Варуфакис.

Откако влегува во монетарната унија во 2001-ва, Грција е преплавена од пари од ЕУ. Во следната декада парите се спискуваат како никогаш до тогаш, за во 2009-та земјата да ја дочека кризата со долг од неверојатни 430 милијарди долари. Првото решение за минусот е да се позајмат уште 146 милијарди долари, под услови кои ги натераа Грците да ја запалат Атина.

Сето ова доведува до неколку избори за на крај во јануари годинава радикално левичарската коалиција Сириза, да ги порази Пасок и Нова демократија кои над 30 години доминираа со грчката политика. Ова на власт го носи премиерот Ципрас, и министерот за финансии Варуфакис.

Сириза на изборите освои третина од сите гласови "ветувајќи им на гласачите избор на неверојатности кои беа спротивни на политичката реалност во Европската Унија. Штедењето ќе заврши; следната рата од долгот нема да се исплати; и пред се ќе го врати достоинството."

"Во исто време Сириза ветување дека ќе остане во еврото. Како што некој се шегуваше, Сириза во основа се надеваше дека 1 + 2 се еднакви на 4. За да го договори ова, Ципрас одлучи да го испрати борбениот економист Јанис Варуфакис.

Ова беше изненадувачки избор. Варуфакис не беше ниту политичар, ниту банкар по спрема. Тој беше еден од највидливите и најгласните критичари на грчката влада, европскиот естаблишмент и грчко-европскиот спас...

...Неговата популарност беше неспорна. Кога Сириза го стави Варуфакис на својата листа за Парламентот, и покрај фактот што тој тогаш живееше во Остин, Тексас, тој освои повеќе гласови отколку кој било кандидат," пишува Хенсен.

21 мај 2015 - 15:33