Игра на Грците

Подемот и падот на Грција објаснува многу работи за Европа, политиката и моќта - на начин не поразличен од Игра на тронови.

Сомнителен договор
Влегоа. Во јуни 2000-та, шефовите на држави и влади на Европската Унија го одобрија влегувањето на Грција во еврото. Германскиот канцелар Герхард Шредер му честиташе на премиерот Костас Симитис - и малерите започнаа. Експертите предупредуваа дека финансиските извештаи на Грција не се точни, но нив никој не ги слушаше.

 

Грчки спокој
Земјата го славеше драстичниот пад на даночните стапки по влегувањето во еврото. Евтините пари дозволија економијата да процвета. Невработеноста се намали, платите пораснаа. Во 2004-та, земјата беше домаќин на Летните олимписки игри. Грција одеднаш почна да ја гледаат како земја за пример.

 

Големото отворање
Како што станува јасно дека парите се фрлени, во Атина почнува драмата. Корупцијата и лошото менаџирање на парите се насекаде. Во 2009-та, Папандреу, новиот премиер, признава пред Брисел и финансискиот свет дека државниот дефицит е два пати поголем отколку што претходно се тврдеше.

 

Туѓи пари
Грција ја списка целата доверба а нејзината репутација беше уништена. Банкротот демнеше додека инвеститорите ги повлекуваа своите пари. Меѓутоа Европа продолжуваше да покажува солидарност. Во мај 2010-та, лидерите на германската владејачка коалиција, вклучувајќи ги Вокер Кудер, Гвидо Вестервел и Волфган Шојбле, го одобрија пакетот за спас.

 

Бунт на улиците
Немирите ја парализираа земјата. Мнозинството Грци се очајни. Работните места ги снемува, а пензиите и платите се кратат. Економијата најмногу страда под програмата за штедење и спас, и во 2011-та на земјата пак и требаат уште пари. Вториот пакет за спас, со уште построги мерки за штедење, е донесен.

 

Себичен подарок
Веќе станува јасно дека товарот на грчкиот долг е невозможно голем. Грците трошат месеци преговарајќи со банкарот Јозеф Акерман, главниот претставник на приватните кредитори на земјата. Во март 2012-та, половина од долговите на земјата се простени во надеж дека останатите сепак ќе бидат платени.

 

Посета од канцеларката
Дали таа е кралицата на Европа? Ангела Меркел патува во Атина во пролетта 2014-та, каде сега премиер е Антонис Самарас. Таа сака да добие личен впечаток за ситуацијата. Економијата има подобри резултати, ама народот уште не ги чувствува придобивките. Невработеноста се уште е околу 25 проценти - а бројот на незадоволни Грци и понатаму расте.

 

Херој од левицата
Револуција на гласачките кутии: Алексис Ципрас во јануари 2015-та е избран за премиер. Тој ветува крај на штедењето и реформите во земјата. Грчкиот народ е еуфоричен. За прв пат по долги години се појавува надеж за нов почеток без старите елити кои ја упропастија земјата.

 

Битка со тројката
Наместо да се борат со корупција и избегнување данок, Алексис Ципрас и неговиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, се најдоа во битка со кредиторите за бришење на долгот. Обидите не успеваат и ниту една страна не излегува неоштетена. Кризата ескалира, туркајќи ја земјата дури и поблиску до Грегзит како што банките затвораат.

 

Европскиот трон
Европејците ги оставија драматичните недели зад себе. Грчката влада ја напушта преговарачката маса со земјите членки на евро зоната. Грците потоа гласаат на референдум против она што тие го перципираат како едикт. Ангела Меркел ја претставуваат како владетелката на Европа со камено срце. Меѓутоа Грција сака да остане членка на заедничката валута. По обновените, целовечерни преговори, грчката влада сепак постигнува договор со своите кредитори. По ова започнуваат преговори за новата програма за спас, и банкротот на нацијата е избегнат - барем за сега. Меѓутоа што значи ова за Европа? Никој не сакаше да ја преземе одговорноста за се' - и никој не се качи на тронот, дури ни канцеларката. Ниту еден европски политичар не може да најде утешни зборови за она што Европа беше, è и ќе стане.

Mark Schieritz / Zeit Magazine

24 јули 2015 - 14:11