Грчката ситуација во неколку твитови

Дали може и зошто не може Грција да ја напушти Европската монетарна Унија, што се случуваше изминатиов период во Грција и што ќе се случува во скора иднина, според твитовите на човек што малку подлабоко ја следи ситуацијата.

- во документот се заклучува дека договорно повлекување од ЕУ нема да биде легално невозможно... и дека унилатералното повлекување несомнено ќе биде легално контроверзно; дека, иако е дозволено, неодамна донесената клаузула за излез (документот е од декември 2009-та), prima facie, не е во согласност со начелото на проектот за европско обединување и е проблематично и на други начини, пред се од легална перспектива; дека излез на земја членка од ЕМУ, без паралелно повлекување од ЕУ ќе биде легално неизводливо; и дека иако може да се спроведе со помош на индиректни средства, исклучување на земја членка од ЕМУ или ЕУ, во правна смисла е речиси невозможно.

- натегањето меѓу со Русија не е дали гасовод преку Грција (што е речиси завршена работа), туку дали Русија ќе сака авансно да исплати поголем дел од парите.

(Според Zero Hedge играта околу парите е следна: Русија (Гаспром) и дава пари на Грција. Парите Грција ги користи да го врати долгот кон ММФ, кој пак ги користи грчките пари за финансирање на заемот кон Киев, кој го користи заемот од ММФ за да и плати на Русија (Гаспром). Перфектен круг.)

25 април 2015 - 16:06