Како сè можеше да биде поинаку

Еврејската држава Албанија

Во 1935 британски ционист новинар, Лео Елтон патува во Албанија со цел да ја разгледа можноста таму да биде воспоставена модерната еврејска држава.

Патувањето на Елтон е поттикнато од сè поголемиот прогон на германските Евреи од нацистичкиот режим и одбивањето на Британија да ги зголеми квотите за еврејска миграција во Палестина. Неговата идеја доаѓа откако во британските медиуми чита дека албанската влада ги отворила своите врати за прифаќање на еврејските бегалци.

Тој патува во земјата што во тоа време има околу милион жители и комплетно е отсечена од индустријализираната Европа. На прием еден од владините министри му кажува дека „во Албанија речиси е комплетно непозната религиозната нетрпеливост... а албанските муслимани не се фанатици“.

Министерот исто така му нагласува на Елтон дека за разлика од остатокот од Европа, Албанија никогаш немала историја на антисемитизам, и дека нема никаква причина „еврејските доселеници да не живеат во комплетна хармонија со остатокот од населението“.

Освен ова нагласени се и економските предности на селењето во Албанија, бидејќи земјата е екстремно плодна и ако биле искористени модерни земјоделски методи, таа без проблем би можела да прехранува 5 милиони луѓе. Според Елтон, тамошните портокали и лимони биле најдобри во светот, што би можело да биде искористено од доселениците. Други предлози биле одгледување тутун или свилени буби, како и изградба на индустрии за текстил и маслиново масло.

Главната забелешка на Елтон било што Тирана во тоа време немало ниту еден театар или концертна сала.

Првата фаза од планот би била воспоставување на еврејски национален ентитет во Албанија, исто како што во тоа време имало и во Палестина, со помош на две ционистички движења. Подоцна Албанија би можело да биде претворена и во национална држава на Евреите.

Според документите што денес се наоѓаат во Централната архива на историјата на еврејскиот народ, во кампусот Гиват Рам во Ерусалим, почитта на Елтон кон Албанците се должи и на нивниот успех за време на холокаустот да ја зачуваат целата еврејска заедница во земјата, сè до нејзиниот последен припадник.

10 октомври 2016 - 16:08