Бошњаци го предлагаат Ердоган за Нобелова награда за мир

Три граѓански здруженија од Босна донесоа одлука Реџеп Тајип Ердоган да се кандидира за НОбелова награда за мир.

"Господинот Ердоган успеа ноќта меѓу 15 и 16 јули 2016, против модерните варвари, со легални и легитимни средства и сесрдна помош од народот, да ги одбрани институциите на Република Турција како демократски и историски облик на владеење на правото и правната држава. На принципите на творецот на модерна Турција, Кемал Ататурк, сочувана е демократска, секуларна, модерна и силна држава во која во потполност се почитуваат човековите права и слободи кои гарантираат рамноправност на сите жители на Република Турција", се наведува во соопштението за медиумите.

Зад ваквиот предлог стојат три граѓански здруженија од Босна и Херцеговина, меѓу кои е и Здружението на демократски правници.

Ердоган со своите соработници успеал да ја сузбие сиромаштијата и криминалот, да го подигне стопанскиот и економски раст на Турција, внесувајќи ја меѓу 15-те најразвиени земји на светот, велат предлагачите според кои сè што Ердоган правел минативе 15-20 години придонело Турција да стане куќа на мирот која придонесува за стабилноста и мирот на светската заедница.

23 јули 2016 - 00:32