Таг: железница

Мајмунот кој работел за железницата и никогаш не згрешил

Бабунот Џек бил повеќе од милениче. На својот господар - скретничар на железница, кој останал без двете нозе, цели девет години му бил личен асистент. Ја познавал сета сигнализација и самиот, без ниту една грешка, ги поместувал лостовите насочувајќи ги возовите. Вештина и работна етика на која можат да му позавидат голем број човечки примероци.

Пекинг - Нанкин 1.025 километри, време на патување 3 часа и 17 минути

Или во македонски мерни единици, побрзо отколку летно време да стигнеш од Скопје до Охрид.

Крш кај Краш: Спектаклот на намерен судир на два воза кој тргнал наопаку

Пред повеќе од 120 години, градот Краш (Crush) во Тексас бил еден од најголемите во државата. Дури ни Американците немаат слушнато за него, а тоа е затоа што тој бил создаден и исчезнал за еден ден, а по повод едно шоу кое во историјата ќе биде запишано како катастрофа.

Во Лос Анџелес апокалипса крај шините

Совршената сценографија за постапокалиптичен филм во Америка всушност се снимки од дел од товарната железничка пруга што минува низ Лос Анџелес, која без разлика како изгледа, сè уште е во употреба и тоа, крајно фреквентно.

Холандска железница ќе плаќа отштета за парите што ги заработила од транспортирање Евреи во конц-логори

Стотици илјади Евреи од Холандија завршуваат во германските концентрациони логори со помош на возовите на холандската железница, која за оваа услуга на Нацистите им наплаќа милиони во Втората светска војна.

Лондон некрополис релвеј: возот кој пренесувал мртви

Што кога во градот постоечките гробни места не се доволни, а често фаќа епидемија на заразни болести? Се отвара железничка пруга до најблиското соодветно место, а живите прават еднодневни „екскурзии“ за да ги закопаат своите мртви. Или барем така било во Британија при крај на 19 и голем дел од 20 век. 

Ој машино, јебем ли ти пругу

Главниот оператор со француските возови, компанијата SNCF откри дека новите 2.000 воза за кои потрошила неверојатни 15 милијарди долари не ги собира на голем дел железнички станици во земјата.

Твитер клуб за патници кои читаат

Чекате воз за Дељардовци, а на железничката во Маџари на голем дигитален екран течат твитови со препораки на книги. Добро де, чекате воз за Брајтон..

Руда крај шините

Авганистан има резерви на минерали и метали во износ од над 1.000 милијарди долари, чие ископување од старт би значело вработување на 90.000 луѓе. Единствен проблем е како целата таа руда да се извади од Авганистан.

Железница со минус од хамбургери

Во светот на неверојатните американски бројки, Амтрак (железничката компанија која ги спојува двата брега на САД) има минус од 833 милиони долари - и тоа само во секторот храна.

Грчка је пруга преголема

На времето тоа беше предупредувачка шега за опис на хаосот во грчката железница но денеска е математички точно: поефтино би било сите што користат воз во Грција да се качуваат во такси. Или во автобус. Или во авион!