Таг: ждрепка за лш

Елмас со Наполи ја доби Барселона во осминафинале

Европскиот првак Манчестер Сити ќе игра со најлесниот можен противник во нокаут фазата од ЛШ, за разлика од финалистот Интер.

Пеколна ждрепка за ЛШ, само Интер куртули

Холандската легенда Патрик Клајверт извлече ултра неизвесни дуели во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите. Ќе гледаме италијанска пресметка и битка меѓу актуелните прваци на Германија и Англија.

Голем гаф на УЕФА на сред ждрепка со Манчестер Јунајтед

УЕФА ги измеша брзините на денешната ждрепка во Нион и направи една, односно две грешки. Втората следуваше веднаш по првата. Ептен ја утнаа.

Пеколна ждрепка во ЛШ: Баерн vs ПСЖ, Реал vs Ливерпул

Битката во најелитното клупско европско натпреварување допрва ќе станува интересна. Во четвртфинале ќе гледаме реприза на финалињата од 2018-та и 2020-та.

Можни четвртфиналиња: Јуве - Реал, Барса - Баерн

На денешната ждрепка во Нион, беа извлечени двојките за четвртфиналето и полуфиналето од Лига на шампиони, кои ќе се одиграат во необични и многу поинакви околности.

Реал оди на Сити, а Јувентус доби противник од Франција

Очекувано, во седиштето на УЕФА во Нион се извлекоа интересни парови кои би требало да донесат ултра добри натпревари на почетокот на следната година.

Најискрена можна реакција на луѓето од Славија Прага за ждрепката

Беа во четвртиот шешир и за очекување беше да им падне група со многу фаворити. А им падна најтешката, со Барселона, Борусија Дортмунд и Интер. Еве ја реакцијата на луѓето од чешкиот клуб кога го извлекоа нивното име.

Реал против ПСЖ, Јуве со Атлетико

Вечерва во Нион се извлекоа групите за Лига на шампиони, а најинтересна е можеби групата Ф во која Барселона ќе игра против Интер, Борусија Дортмунд и Славија Прага.

Барселона против Манчестер Јунајтед, Јуве и Сити куртулија

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени четвртфиналните двојки за Лига на шампиони. Оле Гунар Солскјер доби пеколно тежок противник, а има и една англиска пресметка.

Сите теории на заговор за местење на ждрепките на УЕФА

Теорија на заговор имало откако е светот и векот, па така и во сегашноста. Ако на Реал игра со Шалке, Баер или Волфсбург, а Арсенал или Рома со Барселона или Баерн во нокаут фаза, одма се наоѓаат луѓе кои тврдат дека има задкулисни игри. Имаат и „факти“ за тоа.

Леле колку ќе го јадеме од Барса

Фудбалерите на Лион добија пеколно тежок противник во осминафиналето од ЛШ. Играчите заедно ја гледаа ждрепката во соблекувална и вриштеа, а по реакцијата на тој што снимаше, јасно им е што ги чека.

Рома на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се враќа на „Олд Трафорд“

По фантастичното Светско првенство, најдобриот фудбал ќе продолжи преку натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа. Ждрепката во Монако донесе неколку мега дуели.

Римската волчица против Ливерпул, Реал - Баерн!

Фудбалерите на Рома ќе имаат шанса да му се одмаздат на Ливерпул за поразот во финалето на „Олимпико“ во 1984, а Реал и Баерн ќе се судрат во епскиот класик.

А толку се радуваа кога ја извлекоа Рома

Едно од најслушаните каталонски радио станици RAC1 за време на извлекувањето на паровите за четвртфинале на Лига на шампиони се радуваа што им паднала Рома како да им паднал белоруски второлигаш.

Реприза на финалето од лани, Јувентус оди на Реал Мадрид

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени четвртфиналните двојки за Лига на шампиони. На толку силни екипи, се знаеше дека ќе има некое финале пред финалето.

Извлечена ждрепката - Јуве во Лондон, Реал во Париз

Уште пред да почне ждрепката, извесно беше дека ќе гледаме мега-дуели на најдобрите европски екипи во моментов.

Ќе има плачки на ждрепката за ЛШ

Два, три, па и четири гиганти може да се збогуваат со Лигата на шампионите уште во топ 16 фазата, бидејќи таа ќе биде тешка и немилосрдна за играње. Јунајтед и Сити може да налетаат на Реал и Баерн, а Челси ќе се моли да го добие Бешикташ.

Стефан Ристовски налета на Барса и Јуве и повторно Олимпијакос

Легендарните напаѓачи Франческо Тоти и Андриј Шевченко ги извлегоа групите за новата сезона 2017/2018 во Лигата на шампионите. Завесата се спушта во Киев на 26 мај 2018-та. Групи на смртта може слободно да се наречат Ц и Х.

Стефан Ристовски налета на Олимпијакос, Балотели ќе патува во Италија

Хофенхајм - Ливерпул и Наполи - Ница се најинтересни двојки кои беа извлечени на денешната ждрепка за плејофот во Лига на шампиони. Ријека го доби најтешкиот противник за да стигне до историја.

Вардар ќе патува во Шведска, му падна Малме

Македонскиот шампион како неносител беше сместен во подгрупата 3 и поради тоа имаше скратен избор на противници. Добра околност е што реваншот ќе го игра во Скопје, така што евентуален добар резултат од првиот меч би значел и полн „Градски“.

ПСЖ - Барселона, Баерн Минхен - Арсенал

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени двојките за осминафиналната рудна во најелитното клупско европско натпреварување.

Ги извлековме двојките за ЛШ, пробајте и вие

Пошто обично сме навикнати да биде во петок и не ни се чека до понеделник (12 часот), ние завршивме со ждребот и ги добивме осминафиналните двојки за ЛШ закажани за средина на февруари. Правилата се исти како лани. Носителите се во еден сад, второпласираните во друг. Во оваа фаза не може да се сретнат екипи од иста земја. Можни се јаки двојки како на пример Барселона - Баерн Минхен, Јувентус - Реал Мадрид или Атлетико - Сити.

Сомнеж во местење, Роберто Карлос направи забуна

Легендарниот бразилски бек при ждрепката за Лигата на шампионите прво извади едно од топчињата, па ја врати и извлече друга. Тоа ги збуни гледачите и водителот. Во тоа топче беше бугарскиот Лудогорец кој падна во група со ПСЖ, Арсенал и Базел.