Таг: земјотрес италија 2016

Што имаме кога не останува ништо?

Сè се стишува, сè почнува да тече по мирен тек кај нас нормалните.

А вака човечки, си мислиш и за миг се ставаш на местото на настраданите.

Сите губиме нешто по пат. Работа, брак, стан, сопруг, дедо, комшија, најдобар пријател, гуру, идентитет.

Ама да изгубиш фамилија, дете, комшии, куќа, дом, маалo, населба и сам себе, тоа е гола несреќа на оној кој преживеал природна непогода. И само тој може да разбере. Кој видел дожд од цигли, кој знае каков звук има ураганот кога завива, кој пливал во поплава. Само тој.