Таг: затвореници

На Блумберг му фатија затвореници во кампањата

Иако работата не е некое душевадно кршење камења, проблем е што целиот скандал најверојатно ќе го налепат на работодавните навики на човекот што сака да биде нов милијардер во Белата куќа.

Затворски фудбал во Уганда

Во овој затвор основан пред неколку децении, фудбалот е религија. Еднакво добро го играат затвореници казнети над 20 и под 20 години зад решетки. Се делат на екипи а најпопуларни се оние кои навиваат за Манчестер јунајтед.

Испрашување на испрашувачите на ЦИА

Двајцата мажи што ги препорачаа техниките за испрашување (тортура) на затвореници на ЦИА се дел од тужбата од поранешни затвореници на ЦИА. Њујорк тајмс ги има видеата од нивното излагање за тоа како тие самите ги опишуваат своите мерки, прикажани паралелно со сведоштвата на затворениците и како тие ги доживеале овие мерки на сопствена кожа.

Ердоган вадел заклучени судии, претседателот казнет

Претседателот на турскиот прволигаш Трабзонспор, Ибрахим Хачиосманоглу е суспендиран на 10 месеци и казнет парично поради тоа што минатиот викенд наложил во соблекувалните да се заклучат судиите на мечот против Газиантеп.

Студенти од Харвард изгубија на вилица од затвореници

На една страна на подиумот тројца брилијантни студенти од еден од најпрестижните универзитети во светот. На другата, тројца осуденици за тешки кривични дела од казнено-поправен дом во источен Њујорк. Наспроти сите очекувања, во дебатирање победуваат вторите.

Како Ел Чапо пак избега?

Пак, затоа што во 2001-ва во времето откако мексиканскиот Врховен суд ја одобри неговата екстрадиција во САД, тој успеа да избега во затвор криејќи се во количка за валкана облека. На полицијата и требаа 13 години за да го прибере. До викендов никој немаше избегано од затворот Алтиплано.

Милиони долари по глава избеган затвореник

Во петокот попладнето полицијата уби еден од двајцата затвореници кои пред 3 недели избегаа од затвор во Њујорк (ископаа тунел). Вториот уште е во бегство, ама им стигна сметката за досегашниот труд.

Голманот со 25 клубови кој не заиграл само на Антарктик

Луц Фаненштил е Германец кој го одбил Баерн Минхен, играл на шест континенти и лежел 101 ден во затвор во Сингапур. Во моментов работи како скаут на бундеслигашот Хофенхајм, а најубаво вели дека му било во Намибија, каде одел со автостоп на гостувања.

Гангстер во посета на затвор

Работата е што на сите овие деца тв шоуто воопшто не им е ново и непознато, тоа се емитува со години и концептот е секогаш ист - те носат во затвор и закоравени криминалци ти се дерат се додека не зажалиш за секоја можна одлука во животот што те донела до таму. Работата е што ништо од ова што го знаеш не ти помага да не уцвикаш.

Долгиот пат на затвореникот кој ќе дебитира во Бундес

Екипата на Пардеборн, која викендов ќе ја игра првата историска сезона во најелитното германско друштво, во својот состав го има талентираниот Турчин Сулејман Коч, поранешен осуденик кој учествувал во многу кражби.

Фотографии кои нема да можете лесно да ги заборавите

Вол Стрит Журнал ја покрена темата за тоа колку многу луѓе со сериозни ментални проблеми чмаат по американските затвори наместо да бидат третирани во соодветни психијатриски установи.

Зошто Америка е банана држава?

Прво, на сите мама-си-тракале читатели веќе им е јасно дека една ваква вест мора да е спин и ништо друго. Еве потврдуваме. Но, клучното прашање останува секогаш исто: Ви се чита?

Швајцарците не би да се расправаат ниту со своите

Затворските стражари во Швајцарија се сложни дека нема причина зошто би ги терале затворениците да престанат да пушат марихуана, кога и онака вака се сосема добри и нема потреба да ги вознемируваат.

Најголемиот затвор на светот

Соединетите Американски Држави.