Таг: возови

Шпанија плати 258 милиони евра за возови што не ѝ ги собира во тунелите

Пред три години шпанската државна железница објави дека нарачува нови возови за два региона во земјата „каде железницата е како од каубојско време“. Минатиот месец тие разбраа дека возовите се премногу големи за некои од тунелите низ кои треба да минуваат.

Непознатиот музичар чии композиции секојдневно ги слушаат милиони Јапонци

Се вика Минору Мукаија, и е композитор на „хаша мероди“ или „мелодии за заминување на возови“ - кратки џинглови кои го означуваат расчистувањето на платформите и затворањето на вратите на некои од најпрометните станици во Јапонија.

Кина го укина правото за возење во авион за луѓето што се штеточини

Како што банките можат мрежно да играат во оценување на клиенти колку се подобни за давање кредит, така од сега комплетната кинеска држава ќе оценува колку некој граѓанин заслужил да користи воз или авион.

Холандските возови шибаат 100% на ветар

Директорот на холандските железници се врза за ветерница и се заврте со неа за да прослави што нивните електрични возови почнаа да возат на чиста енергија. Директор во македонски железници веројатно би одбрал да го врзат за шина. Колку овде доцнат возовите, да се изнаживее.

Композиторот кој бил опседнат со возови

Антонин Дворжак, славниот чешки композитор, бил најпознат по комбинирањето на народна музика од неговата родна земја со романтизмот. Но освен музиката имал и необично хоби - трејнспотинг.

Ој машино, јебем ли ти пругу

Главниот оператор со француските возови, компанијата SNCF откри дека новите 2.000 воза за кои потрошила неверојатни 15 милијарди долари не ги собира на голем дел железнички станици во земјата.