Таг: внимание

Најголемиот подарок што можете да го дадете

Непосветувањето внимание е форма на намерна дискриминација. Обратно, посветувањето должно и автентично внимание некому или на нешто е „најредок и најчист облик на великодушност“.

Како да мислиш (и памтиш) без Гугл

Не дека сме и онака нешто многу паметни. Ама кога секоја информација е на онлајн дофат, почнуваш да се однесуваш како поглуп отколку што навистина си. Нула напор за нешто да се запамти или да се научи. Чуму маката, кога пак ќе може да се пребара?

Нетфликс или проблемот на уметноста како „содржина“

Да речеме дека тука би можеле да кликнете на опција која ќе ве поштеди од читање на воведов. И тоа во случајов нема да биде страшно. Но прескокнувањето на најавни и одјавни шпици во филмови и серии значи не само непочитување на трудот на куп луѓе кои се измачиле тие да бидат интегрални делови од доживувањето, туку и третирање на уметноста како потрошувачка „содржина“ која треба да се проголта што побргу и поефикасно. 

Ќе ги умрат родителите за лајк

„Може ли да добијам лајк, татко ми умре“ и слични исповеди меѓу детските коментари на интернет. 

Неподносливата леснотија на дијагностицирањето

Ако ги гледате бројките на денешни деца дијагностицирани со ADHD ќе добиете впечаток дека во новите генерации итра вистинска епидемија на хиперактивност и пореметување на вниманието. Еден педијатар тврди дека целата работа ја гледаме погрешно. 

„Светот надвор од твојата глава: како да станеш индивидуа во доба на одземено внимание" од Метју Б. Крафорд

Колкав притисок ќе ви врши околината денес, за да ѝ го доделите она што ви е вам најскапоцено - вашето внимание? И колку притоа можете да ѝ се спротивставите? Оваа книга дијагностицира проблем, но истовремено нуди и можни решенија.

Што е тоа во човечкото бивање, што го тера на скитање

Постојат луѓе кои никогаш не чувствуваат потреба да мрднат од местото во кое се насадени. А постојат други луѓе кои пак никаде и никогаш не ги фаќа место. Ако ги барате оние првите, погледнете на каучот во дневна. За вторите, во статијава.