Таг: велигден

Експлозивна велигденска традиција на еден грчки остров

Традиционално, сообраќајот на автопатот Пријателство и премините кон Грција се интензивира за време на велигденските празници. За жал ретко кој ќе стигне толку далеку на југ за да се запознае со велигденската традиција на островот Калимнос.

Паничен грип и велигденски јајца

Втора година по ред ни се преклопуваат две теми - пандемијата и велигденските празнувања. Во збирка кратка проза на Влада Урошевиќ објавена во 2010, значи една деценија пред Ковид-19, овие две нешта мистериозно коегзистираат на страниците на книгата, во два расказа. 

Наместо фрлање паричка, се чукаа со велигденски јајца

Пред почетокот на мечот меѓу Нојленгбах и Сент Пелтен во австриската женска Бундеслига, а во чест на најголемиот христијански празник кој католичкиот свет го празнуваше викендов, судијката за да одреди кој ќе бира топка или гол им подели велигденски фарбани јајца.

Кога ќе ти падне да играш за Велигден

Вака сега Блгари, денеска е Велигден, најголемиот христијански празник, така што место да фрлам паричка ќе се кршите со јајца. Кој ќе победи ќе ја изведе топката од центар. Бугариве се З-А-К-О-Н. Па уште добија јајца во боите на дресовите.

До велигденските јајца и по нив

Рецептиве за вапцање повеќе изгледаат дека се инстаграмски отколку канонски, ама па и никаде не вика дека во 5 сабајле треба да ги правиш.

Атеистот што се набоде на грибло на Велигден

Дел од новиот роман на Димитар Башевски, „Круг“, функционира и како засебен расказ. Базиран е врз вистинска случка, за писател-страсен атеист, кој на тежок празник решава малку „да чепне“ низ двор, да замавне со мотичето, да копне со гриблото.  Ама Бог, постоел или не, секогаш те наоѓа кога ќе згрешиш.

Датумот на Велигден ќе биде фиксиран во рок од 5 до 10 години

Надбискупот од Кентербери процени дека христијаните наскоро ќе имаат еден заеднички и фиксиран датум за обележување на христовото воскресение. Традиционалистите уште сега се потат.

Од небото над епархијата

Нашиве земаат ли земаат бугарски пасоши, и си заминуваат на запад. Деновиве чув дека во Битола направиле и некое предавање за начинот на кој најбрзо може да се дојде до пасапорта.

Науката зад совршено фарбано јајце

Тоа што целата куќа ти мириса на оцет не е за да видиш дека домаќинката стварно фарбала јајца, туку оцетот е клучен за да фати бојата. Знаењето е во тоа колку оцет треба да се стави, а Вајард ова научно го истражува.

Толку од off

Денови тешки, тмурни, неизвесни и посни, и таман за повторување: Господи Исусе Христе, дај ми да потрае неосудувањето. Не сакам да не јадам месо, а да го изедам мојот брат.

Упатство што е доволно задоцнето за да биде нерелевантно

Доцнењето е што Велигден пројде, а упатството е како да направиш тврдо варени јајца, а да не бидат како глина со вкус на сулфур. Од друга страна, тоа што заврши Велигден не значи дека во идните година дена нема да свариш јајца. Внимателно оди чекор по чекор, целата работа има многу логика и многу хемија.

Ако случајно нè праша Хемингвеј

Навистина не е мое да се мешам, ама мое е да кажам дека не е убаво да се полниме со злоба и нељубов. Не е мое да се мешам, ама се плашам дека и Велигденското торжество ќе го расипеме со тоа што годинава Велигден се паѓа помеѓу прв и втор круг на изборите. Немој и од него политика да направиме, ве молам. Далеку е другата Прочка за да си ја простиме таа глупост потоа.

Секое Чудо за 3 дена

Помина и Велигден (зошто Г а не К не се знае, ама тоа е официјалната верзија на драфтот) и Петок 13- ти за некој онака, за некој шит невиѓен!
Мене викендот ми помина работно, се спремаме за денот "Џ" и мојот нов албум, а у меѓувреме дур сум немал нет викендов (ТВ неглеам, освен надреалните вести на Сител за подвизите на Владата) и сум у тотален медиумски мрак.

Ви се вапца?

Баш е православно кул да станеш в зори (во четврток беше тоа?) и домашните да те најдат како го правиш Кени од Саутпарк. Ако старите велигденски дизајни ви се помалку здодевни и сте подготвени годинава да вапцате јајца со мотиви од поп културата, елајте.