Таг: вегетаријанци

Човек на човека е вегетаријанец

Покажувајќи духовна сталоженост карактеристична за човек што успеал да се оттргне од злото и отровите што потекнуваат од месојадната исхрана, хинду водач на своите следбеници им порача да се радуваат на коронавирусот, бидејќи тој е казната за сите што се не вегетаријанци.

Човек на човека е вегетаријанец

Покажувајќи духовна сталоженост карактеристична за човек што успеал да се оттргне од злото и отровите што потекнуваат од месојадната исхрана, хинду водач на своите следбеници им порача да се радуваат на коронавирусот, бидејќи тој е казната за сите што се не вегетаријанци.

Адолф Хитлер и останатите нацисти вегани

Да не вадиме подлабоки равенства ама повеќе лични исповеди покажуваат дека Хитлер е сериозен вегетаријанец, а и овие новите безмозочници што се палат на него тргаат по ист пат.

Ако сакаш да спасуваш животни само треба да не јадеш пилешко

За годишната исхрана на просечниот Американец се колат 25 животни. Од овие 25, 22 се кокошки / пилиња, па ако престанеш да јадеш пилешко, ќе поштедиш 22 од овие 25 животни, а притоа растот во консумацијата на другите животни нема да биде страшно голем. Кој вика тоа? Активистот за права на животни Мат Бел. П.С. 84% од луѓето што стануваат вегетаријанци, се враќаат на јадење храна од животинско потекло.

Вегетаријанците и веганите мислат дека не убиваат животни. Ама, убиваат.

Клучниот аргумент на веганите и вегетаријанците со кои ја докажуваат етичката супериорност на нивниот начин на исхрана во однос на месојадците е дека животни не страдаат од тоа што тие го јадат. Како да кажеме а тоа да биде вегански просто к'о грав: неточно.

Брокулата те моли, не јади ја, боли

Лоша вест за совеста на вегетаријанците: живите растенијата може да „слушнат“ како некој ги јаде и во такви случаи пуштаат хемикалии за да го одвратат предаторот од намерата. Тоа е.

Послушајте вегетаријанци

Како би изгледало кога сите овие што јадат месо би го тупеле како сите оние што не јадат месо. На човек да не му се верува колку многу аргументи сме имале за да јадеме месо.

Вегетаријанците се штетни за планетата

Аргументот е дека јадењето месо е апсурдно неефикасно и троши запрепастувачки количини на ресурси. Обработувањето на овие ресурси троши дополнително многу енергија, и целиот овој круг ослободува толку многу штетни гасови, што Земјата се топи кај што ќе стигне. Заради ова и О.Н. го препорачува вегетаријанството како еден од начините на кои може да и се помогне на планетава. Ок, ај сега полека малку.

Зашто брокула ни за на трезно не е

Согласно непишаното правило дека човек на пијано го прави она што не смее но го посакува на трезно, третина вегетаријанци признаваат дека под дејство на алкохол посегнуваат по нивното единствено забрането овошје - месото.

Како Вивијан Вествуд ја разбира сиромаштијата

На оние кои едвај наоѓаат начин некако да се прехранат, екстравагантната баба им порача да јадат помалку.

За туѓи пусти вегани

Фаза 1: Боливијската и перуанската сиромаштија се прехранува со една евтина локална житарица. Фаза два: Житарицата станува фенси храна во западните вегански кругови. Фаза три: цената на житарицата оди во небо и јадниците од Андите веќе не можат да си ја дозволат. Решение? Нека јадат колачи од тофу.

Лос Анџелес ќе пости

Градскиот совет на Л.А. едногласно го прифати предлогот според кој цел град треба да престане да јаде месо. Сега за сега, предлогот е само за еден ден во неделата.

Љубов по мени

Вегетаријанците се пребирливи што ќе јадат, ама луѓето што јадат месо се многу попребирливи со кој и по која основа ќе се замараат преку ден.