таг: урбанизација

За предрасудите кон дрвосечачите

Додека некаде сечеме некое дрво, поминуваат многу луѓе. Некои се восхитуваат на тешката, прецизна и одговорна работа и нè пофалуваат. Но, ќе помине и по некој кој ќе ни префрли лош збор. Некои такви коментари се тивки, едвај чујни. Но, понекогаш доаѓаат луѓе и за да се расправаат и да навредуваат. Одвреме-навреме слушам и на медиумите како се оцрнува мојот занает. Значи, ни негативните коментари за дрвосечачите не се реткост. Затоа, во овој текст ќе зборувам за вистината за правите дрвосечачи. Повеќе

Хазардни дрвја
Сечење со причина

Некои од нас што имаме силни чувства кон дрвјата и шумите, мора да си ги урамнотежиме тие чувства со разумот. Фактите велат дека, иако се долговечни, дрвјата сепак си имаат крај, време кога откажуваат животните функции и тие побрзо или побавно се распаѓаат, умираат. Ако не го сфатиме исправно ова, може да отидеме во друга крајност – да чуваме дрвја кои се опасни по живот! Некаде се оди на суд за ова. А, ако некој човек или дете настрада поради наше дрво кое по секоја цена сме го чувале, предоцна е веќе за суд...  Повеќе

Во војна со дрвјата

Некогаш кога нашите племиња доаѓале наваму (без разлика кој кое племе и да бил), сè било зелено и под гооолема шума со гооолеми дрвја (ќе ви објаснам во некој друг текст зошто сум толку сигурен во ова). Ако сега се качиш на Водно или на Скопска Црна Гора и ја погледнеш Скопската Котлина (важи и за сите други градови) ќе видиш само остатоци од тоа зеленило, а посебно ретки се дрвјата. Изгледа дека сме „војувале“ долго и „крваво“ со шумата која сме ја затекле... Кои методи и тактики се докажале најуспешни? Каков е исходот од „војната“ досега? Повеќе

Нејќе гром во Американец

Американците веќе не гинат од громови, од што во минатото беа масовно покосувани. Причината е едноставна и универзална: се напикаа селаните по градови. Повеќе