Таг: учење

Најдобро се учи со гледање два пати ама брзо

Универзитетските видео предавања треба да се пуштаат на двојно поголема брзина ама да се изгледаат два пати за најлесно да се научат. Истото веројатно важи и за разни Јутјуб туториали што ги гледате.

„Шлапкање“, „срк“ - децата побрзо учат зборови чиј звук е близок со нивното значење

Значењето на некои зборови се поврзани со нивниот звук. На пример „шлапкање“ е поврзан со звук кој реално се произведува доколку се шлапка (во вода, во кал), а „срк“ е приближно звукот кога нешто се срка од лажица, без грижа за бон-тонот. Според нова студија, ваквите зборови децата ги учат побрзо од оние другите.

„Ќе преживеам“: професорска верзија во време на коронавирус

Насекаде низ светот, па и кај нас, очајните времиња подразбираат очајни мерки. На пример држење настава онлајн, дури и за оние кои никогаш тоа не го пробале, ниту пак го сакаат.

Kaко да научиш странски јазик пеејќи?

Го знаете она кога некоја песна ќе ти влезе во уво и ти ровари низ глава на рипит. Истиот тип на „заразност“ може да помогне да се научи нов јазик побргу отколку со традиционалните методи.

Кога Наполеон од досада учел англиски

Император, војсководец, за многумина генијален стратег. Во еден момент изолиран на крај на светот, во куќа без ви-фи и сателитски канали, а полна стаорци. Што може човек да прави во такви околности а да не полуди? Па - да учи странски јазик.

Кодирање од мали нозе

Учењето на кодот им помага на децата да ги унапредат важните когнитивни вештини како критичкото размислување и решавањето на проблеми. А најдборо се учи преку игра.

Суперкомпјутерот нè прочита како селски буквар

DeepMind, суперкомпјутерот на Гугл успеа да го совлада и надмине знаењето и искуството во една игра кое човештвото го кумулираше цели 3.000 години. За тоа му беа потребни само 40 дена. 

Може ли да се научи да бидеш емотивно поотпорен?

Често слушаме дека „она што нема да нè убие, нè прави посилни". И тоа звучи некако логично, па дури и утешно - дека дури и од лошото има некаква корист. Но дали човек навистина мора да доживее некоја несреќа за да го активира сопствениот емотивен штит?

Дома е онаму каде што стануваш кратковид

Кај сè поголем број на деца се дијагностицира кратковидост. Во источна Азија бројките се над 90-95%. Најдена е корелација помеѓу појавата на миопија со времето поминато надвор, на отворено, без разлика на активноста. Една од хипотезите за причината е премалата изложеност на јака светлина. Им благодариме на родителите што нè пуштаа со саати да се шлаеме по маало.

Тестовите не се решение на проблемот, тестовите СЕ проблемот

Со години сум сведок како стандардните тестови го гушат духот на учениците, внесуваат стрес во семејниот живот, ги деморализираат наставниците, ги потценуваат училиштата, ја парализираат образовната дебата и ја поткопуваат идната компетитивност на оваа земја, вели авторка која долго се занимава со оваа проблематика.

Моите ученици не знаат да разговараат

Професор од средно училиште ја споделува приказната како ги фрапирал учениците кога им најавил дека ќе почнат да учат да разговараат.

Мижам, не прекинувај!

Не се знае како на ова ќе реагира наставничкиот колегиум но затворањето очи е најефикасниот начин да се запомнат битни информации. Очекуваме студија која ќе потврди дека препорачаната доза мижење е 45 минути.