Таг: тренинг

Да ти е мерак да гледаш тренинг на Данска

Данска заедно со Чешка и Швајцарија се најпријатни изненадувања на Европското првенство летово. Данците тргнаа потресително во првото коло, изгубија дома од аутсајдерот Финска и беа во шок по епизодата со Ериксен, ама се вратија, заиграа како треба и сега ги чека четвртфинале со Чешка. Еве како забавно се спремаат.

А замисли крокодил да ти се појави на тренинг

Сме виделе до сега маче, куче, птица, петел, ама со ваква појава некако не можеш да бидеш лагоден. Непријатната средба со крокодилот ја имаа фудбалерите на Торонто.

Епско видео со Кројф и Христо Стоичков

Спонтан момент од тренинг на големата Барселона во која Кројф беше тренер а нападот го предводеа Ицо „Камата“ Стоичков и Бразилецот Ромарио. Јохан му објаснува на Ицо како да скока со јаже, овој се плетка па Кројф се смее.

Видео со Тухел кое играчите на Челси треба да го видат

Германецот добил договор до лето 2022 со можност да се продолжи на уште една плус година. Тухел има задача да ги разбуди преплатените ѕвезди на Челси, а ако грми ко на времето во Мајнц, ќе има надеж.

Како во Холандија тренираат голманите?

Тренингот на голмани во вториот по големина клуб во Ајндховен, изгледа толку интересен што би можел да има и гледачи на трибините. Врхунска методологија со влажна церада која глуми мокар терен, па жабици, па ред други нешта.

Хајдук прикажа како сега изгледа еден обичен тренинг

Накратко, клупскиот доктор на Хајдук Сплит, Анте Туриќ детално раскажува како се одвиваат тренинзите на „Пољуд“. Ова е прва фаза, а следна е тренинг во поголеми групи.

Гигантот од Минхен е прв клуб кој се врати на тренинг

Германската фудбалска лига им наложи на сите клубови да не се враќаат на терен до 5 април. Веќе на 6-ти април Баерн Минхен почна со тренинзи.

Јозеф Пилатес: човекот кој во затвор го измислил познатиот метод на вежбање

Има луѓе на кои наметната изолација им доаѓа одлично - им дава време и енергија да смислат нешто корисно и добро. Ако никогаш не сте вежбале пилатес, сега му е мајката. Во чест на човекот кој со години им го спасувал животот на луѓето кои биле со него во затвор, со тоа што им ги одржувал и телата, и умот.

Марадона како луто чиче што му смета галама

Во тренинг базата на клубот кој го води, Химнасиа Ла Плата, дошле десетина деца да земат автограм од него. Во целиот тој џагор, Диего се изнервира и им свика на децата дека нема да добијат потпис ако урлаат „Диего, Диего!“

Со свој камен по глава

Пирс Свинеј е одбранбен фудбалер на англискиот четвртолигаш Ексетер Сити. На еден претпладневен тренинг толку без осет ја рогнал топката што таа паднала врз неговата кола во близина на игралиштето и скршил ветробранско стакло.

Кога Марадона за Светско 1994 се спремал на селска ливада

Додека репрезентацијата на Аргентина тренирала во својата база, Диего решава да се пушти на една селска ливада и таму да набива кондиција за Мундијалот во САД 1994.

Дрис Мертенс им го соблече задникот на заедничка слика на Белгија

Во базата на репрезентацијата на Белгија која се спрема за квалификациите за Евро 2020 против Сан Марино и Казахстан, играле едни против други. Победила екипата за која играле Еден и брат му Торган Азар, Аднан Јанузај, Денис Прат, Бентеке, Бојата, Чадли, Алдервејрелд, Ванакен и Вермален.

Еден обичен тренинг на Роналдо во Јувентус

Еуфорични по доаѓањата на новите засилувања Де Лихт, Рамзи и Рабио, бјанконерите ги почнаа подготовките за новата сезона. А Роналдо од старт покажа дека летово не кркал ко Азар и Бен Једер.

Интересен тренинг на Наполи

Во исчекување на новите засилувања меѓу кои се споменуваат нашиот Елмас, Хамес Родригез и Ирвинг Лозано, фудбалерите на Наполи тренираат под надзор на Карло Анчелоти. Имаа забавна игра на тренинг.

Роџер Федерер не е од планетата земја

Најголемиот тенисер на сите времиња тренираше на Ролан Гарос првпат после четири години отсуство од овој турнир поради повреди. И направи еден прием каков што не сме виделе во тенисот.

Како изгледа тренингот на Барса од очите на Меси

Со модерната GoPro камера на глава, Лионел овозможи јавноста да види како изгледа еден вообичаен тренинг во Барселона. Од муабет со Суарез, до прослава со Дембеле и шутеви на гол.

Имуноста на Роналдо од повреди благодарение на јак тренинг

Кристијано Роналдо многу ретко во кариерата отсуствувал од фудбалските терени, а синоќешната повреда на мечот со Србија нè натера да направиме кратка ретроспектива на овој сегмент од кариерата на Португалецот.

Врвна тренинг вежба во Реал Мадрид

Од страна можеби изгледа како „тешкото“ кое играчите на актуелниот европски првак брзо го совладаа.

На тренинг во Јуве е интересно со Роналдо

На 18 август почнува новата сезона во Серија А. Шампионот Јувентус го очекува преполн стадион во Верона каде ќе му гостува на Кјево. А „Бјанконерите“ до тогаш се спремаат во сјајна атмосфера.

Марсело со нова мајсторија на тренинг

Иако се шушкаше дека ќе ги спакува куферите да му се придружи на Кристијано во Јувентус, бразилскиот магионичар се врати на тренинзите во Реал и покажа кој е кој.

Реал го нема Роналдо, ама го има Дани Себалјос

Во ситуација кога Кристијано замина во Јувентус, а најголемите ѕвезди одмораат уште некој ден по напорите на Светското првенство, на тренинзите на Реал за забава е задолжен младиот талент Дани Себалјос.

Единствената прослава на Панама што ќе ја видиме летово

Добро, можда сме прегруби за нечиј вкус, ама па што ќе бараат во група со Белгија, Англија и Тунис на Светското?

Леброн троши милион и пол долари годишно на своето тело

Има двајца лични тренери, има приватни масажери, има луѓе кои се занимаваат со неговиот сон да биде добар, има јога инструктори и ги има сите можни современи справи за тренинг. 24 часа работи над своето тело. И така 15 сезони по ред.