таг: трејлер

Нов документарец за човекот кој само еднаш го играл 007
„Како станав Бонд“

Џорџ Лejзенби не е баш име кое некој од нас го поврзува со улогата на 007. Но тој си е самиот виновен - по првиот снимен филм одбил милионски договор за уште шест продолженија, затоа што некој го советувал дека „со Бонд е завршено“. Повеќе

„Никој од никаде“ (Un illustre inconnu, 2014)
Букбокс гледаше

Матју Касовиц го памтиме од „Амели Пулен“, од „Амин“ на Коста Гаврас или „Минхен“ на Стивен Спилберг. Го знаеме и како сценарист и режисер на суровиот „Омраза“ со Винсент Касел. Ама во овој филм тој има тешка задача - да игра некој кој е никој и ништо. Повеќе

„Откритието“ (Тhe Discovery, 2017)
Букбокс гледаше

Некако се навикнавме на големи, скапи научно-фантастични филмови во кои се комбинираат технолошки со лингвистички, антрополошки и филозофски прашања (Interstellar, Gravity, Arrival). Ова е сличен, но многу понеамбициозен обид, за одговор на прашањето - има ли живот по смртта? Повеќе

Почина авторот на „Анархистичкиот готвач“
Ликот кој никако не можеше да се отараси од своето дело

Вчера (30.03) се прошири веста дека починал Вилијам Пауел, авторот на „лектирата“ на куп анархисти, бомбаши, убијци и терористи. Замина на 66-годишна возраст, без да му се оствари желбата - неговата книга да престане да се издава. За неговата смрт всушност се дозна шест месеци откако се случила, од одјавната шпица на нов документарец за неговиот живот под наслов „Американски анархист“. Повеќе

„Почесниот граѓанин“ (El ciudadano ilustre, 2016)
Букбокс гледаше

Добитник на Нобелова за книжевност кој пред 40 години заминал од родната аргентинска провинција за да живее во пософистицираната Барселона, одеднаш одлучува да ја прифати поканата на тамошните локалци, кои сакаат да го прогласат за почесен граѓанин. Работите бргу излегуваат од контрола. Повеќе

Видео игра според култната „Валден“
На 200 години од раѓањето на Торо

На светот изгледа му е доста од игрици со насилство, крвови и стравови. Базирана на книгата на Хенри Дејвид Торо за неговото повлекување на имот покрај езерото Валден сега е преточена во игра преку која се вежба смиреност но и пар навистина корисни вештини за преживување во природа, а богами и во општество. Повеќе

„Под песокот“ (Under sandet/Land of Mine, 2016)
Букбокс гледаше

Oвој филм не го доби Оскарот во категоријата „најдобар странски“. Штета, затоа што играта со зборови од неговиот наслов можеше добро да легне. Плус, филмот е одличен, иако на моменти тежок за гледање. Повеќе

„Лав“ или детето од Индија кое се врати дома по повеќе од 20 години
Уште една вистинска приказна во трка за Оскар

На 5 години, на железничка станица некаде во Индија, Сару се одвојува од брат му и се губи. Судбината го носи во ново семејство, во Австралија. Но многу години подоцна мислата на домот не му дава мир. Со помош на Google Earth успева да се врати. Повеќе

Поранешниот зависник од хероин кој помогнал во режирањето на Трејнспотинг 2

Гери Фрејзер ги преживеал дрогите и насилството, па точно знаел како да го прикаже бруталниот пејсаж во продолжението на Трејнспотинг. На премиерата пред неколку дена, тој зачекори на црвениот тепих како член на екипата.  Повеќе