Таг: театар

„Живиот весник“: претстави направени според актуелни вести

1930-тите, Америка, Големата депресија. Слично како и за време на нашата пандемија, културните институции се затворале, а театарските работници останувале на улица. Владата настапила со првата државно спонзорирана уметничка програма, која вклучувала претстави базирани на секојдневните вести.

„Долината на нелагодноста“: нова монодрама во која единствената улога ја игра робот

Фигура седи сама на сцена, облечена во развлечен џемпер и пантолони, со прекрстени нозе. Бавно ги движи своите раце и исто толку бавно ја врти главата. Овој единствен изведувач не е човек. Тој, или тоа, е аниматроник, подвижен андроид или со други зборови, робот.

Нова претстава направена според серијата „Пики Блајндерс“

Креаторот на славната серија, Стив Најт, ја прилагодил за театарска сцена. Премиерата на претставата која е мешавина на мјузикл и танц се очекува на есен во „матичниот“ Бирмингем, а потоа таа ќе патува на европска турнеја.

Експеримент: актери ќе глумат во три претстави истовремено

Нова, амбициозна трилогија претстави подразбира дека актерите ќе трчаат за да стигнат во три театри, за да играат во три претстави истовремено. 

Maлата Амал- куклата бегалец која испешачи 8000 километри

Во јуни оваа година започна еден од најамбициозните уметнички проекти кои некогаш бил направен - голема кукла која требаше да пропатува од сирско-турската граница до Манчестер, во склоп на театарско шоу направено како знак на солидарност со бегалците и барателите на азил.

Карпа од 200 кила: скандалот со сценскиот работник што сакал да си го убие колегата

Звучи како сценарио за трилер, но всушност е вистинска приказна која треба допрва да добие судска разрешница.

Американската актерка - пионер на модерниот танц и театарското осветлување

Во Америка не ја ценеле, па на самиот крај на 19 век дошла во Париз каде се дружела со Тулуз-Лотрек и Марија Кири. Се смета за основоположник на модерниот танц, но на нејзино име се водат и повеќе патенти поврзани со театарското осветлување. 

Kaко ќе изгледа „социјално дистанциран“ театар?

Познатата театарска група Берлинер Ансамбл отстрани 500 од своите 700 седишта за да се подготви за повторно отварање на есен, согласно германските политики на социјално дистанцирање. Како и повеќето вакви мерки, целата работа делува како од дистописки филм.

Tеатарска претстава за тоа како е да се работи во магацин на Амазон

Врз основа на сведоштва на анонимни работници, нова претстава истражува како е да се работи во најбогатата компанија на светот.

„Тоитоитои“: суеверија на музичарите

Како што на рибар не му се вика „со среќа“, така и на актерите пред излегување на сцена не им се посакува добра претстава. Но понежен од англискиот „скрши нога“ (break a leg) е еден друг израз кој се користи помеѓу музичарите, особено помеѓу оперските пејачи.

Претстави без проби, со текст на слушалки

Форма на документарен театар, каде драмскиот текст се состои од искази на реални луѓе. Но тоа не е сè, тој (текстот) им се чита преку слушалка на актерите во текот на самата изведба, без претходна проба.

Најшокантниот театар на светот чии драми биле базирани на црна хроника

Се викал Гранд Гињол, а во него се прикажувале реалистични хорори и претстави со многу секс. Каде, ако не во Париз.

Првата комедија напишана од жена се поставува по 400 години

Се викала лејди Мери Врот, а нејзината драма, „Љубовна победа“, се смета за прва комедија чиј автор е жена. Дури сега, четири века откако е напишана, таа ја добива својата прва професионална продукција.

Tеатар во кој физичката попреченост се претвора во предност

Нова продукција на „Не јас“ на Семјуел Бекет се придружува на движење на актери и режисери кои се обидуваат нарушениот слух или хендикепираноста да ги направат дел од својата приказна.

Дали би гледале театар од тросед?

За „вистинските“ театрофили ова може да звучи ко богохулие. Но да можеш да гледаш снимки од славни претстави, па и преноси во живо од актуелни изведби некаде низ светот, каде инаку тешко дека би патувал само за да појдеш на театар, тоа нам ни звучи како одлична идеја.

„Нрдлеска“ - нов вид театарска бурлеска

Нешто како фан фикција, ама во театар - бурлеската доживува ренесанса, но во нова форма, чија целна група се обожаватели на одреден филм или серија. Во Њујорк овој жанр е станат толку популарен, што во 2014 е организиран цел фестивал на „нрдлески“.

Кога аутистичен актер игра аутист

Не е ок (велат) кога поединци кои не се „транс“ играат такви улоги. Не е ок (велат) кога бел актер игра небелечки улоги. Конечно е ок тоа што некој кој знае како е да си аутистичен ќе игра ист таков лик, прв пат на професионална театарска сцена.

Teaтарска претстава за Големиот хадронски колајдер

Нова продукција на „Ројал Шекспир компани“ е драма која се одвива пред самото пуштање во употреба на LHC во Церн, а зборува за однос помеѓу научник кој работи во централата, и новинар кој известува за историскиот момент.

Акција во Рим: донирај билет за театар

Фино е тоа со донирањето храна, облека и други материјални потреби. Но што е со потребите на душата? Театар во Рим почнува акција на 1+1 дониран билет.

Кога театарот бил место за кревање џева

Театарските претстави, како јавни настани, се податни за изразување политички ставови, или барем за привлекување внимание. Неодамнешните случувања околу мега-популарната претстава за создавањето на американската нација повлече дискусија за функцијата на театарот денес.

Дали ни е потребен театар?

Интегралната порака по повод светскиот ден на театарот од рускиот режисер и професор Анатолиј Василев. За сите оние на сцената, во гримиорните и зад кулисите, кои прават за миг да го подзаборавиме, или напротив, со поинакви очи да погледнеме кон она што ни се случува во еден друг театар - реалниот живот.

Опера чија сцена е еден цел град

126 музичари, танчари и актери уествуваат во „Куцкамен", подвижна опера која се случуваше во Лос Анѓелес до вчера, 22 ноември. Проектот се опишува како најамбициозен музички настан од Вагнеровата поставка на „Прстенот на Нибелунзите" во 1876, која траела непрекинато четири дена.

Истрел во срцето кое го нема

“Глеј, глеј, Џегер и Ричардс на македонската драма и театар, па уште ексклузивно во нашиот сокак!", весело крикнува Теофил Панчиќ, по повод најновата претстава на Дејан Дуковски и Алексадар Поповски, за која вели дека нема ни една утка.