Таг: суд

Од сега ќе може да се тужи за трејлер кој создава лажни очекувања

Обожаватели на кубанско-американската актерка Ана де Армас (најпозната по својата улога на Мерлин Монро во „Русокоса“) поднеле тужба до продуцентите кои ги измамиле дека таа глуми во филмот „Вчера“ од 2019, со тоа што ја вклучиле во трејлерот. Всушност, нејзиното појавување било сецнато во конечната монтажа.

Судски процеси против Господ

Колку и да звучи необично, луѓе го имаат тужено Господ, и во реалниот живот и во уметничките дела. Нештата за кои тој бил обвинуван главно имаат врска со неговото толерирање на злото, како и со штетните последици на неговите дејства.

Музичари против употребата на рап стихови како судски доказ

Џеј-Зи, Мик Мил, Килер Мајк и голем број други музички имиња се помеѓу оние кои бараат промена во законот на државата Њујорк, со што би се ставило крај на досегашната практика, рап стихови да се користат како докази во кривични постапки против самите музичари.

Бизарните средовековни судења за импотенција

Меѓу ретките средства кои им стоеле на располагање на жените од „мрачниот“ среден век за развод било да докажат дека нивните сопрузи не се во состојба да ги извршуваат брачните должности. За оваа цел пред црковниот суд биле повикувани сведоци, но и „тестери“ на гениталиите на сиротиот обвинет. 

Во Ајакс тврдат дека не можат да ја преболат измамата на Јувентус во финалето ’96

За сомнежите на луѓето од управата и фудбалерите на Ајакс дека играчите на Јувентус биле намерно допингувани за финалето од Лига на шампиони 1996-та на „Олимпико“ во Рим, јавноста не знае баш многу. Италијанците жустро негираат каква било вина и бурно реагираат.

Холанѓанец бара подмладување на суд

Холандски пензионер започна судска постапка во која бара како што луѓе можат легално да сменат презиме или род, тој да може да ги смени годините и тоа едно 20, за да има подобри шанси на Тиндер.

Мамиќ по грешка на судот му дал спремни одговори за Ловрен

Целиот циркус на судењето на Здравко Мамиќ и натаму трае. Денес на судот по грешка му предал документи меѓу кои имало и спремни одговори за фудбалерот на Ливерпул и хрватски репрезентативец.

Тресни пак за Надал па ќе завршиш ко француската министерка

Францускиот суд ја прогласи поранешната министерка за спорт на оваа земја за виновна во случајот со Надал којшто ја тужеше поради изјава во 2016-та дека Шпанецот бил фатен на тест и поради тоа го немаше едно време на терените а не поради повреда.

Зошто Фелаини го тужи New Balance?

Фудбалерот од средниот ред на Белгија и Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини го дал на суд производителот на спортска опрема New Balance кој до неодамна правеше копачки дизајнирани за него, но тој се повредувал и сега ги тужи.

Како Лука Модриќ стана државен непријател број 2?

Десетката на најдобриот клуб во Европа во моментов, Лука Модриќ е почитуван насекаде во светот, само не во својата татковина каде го навредуваат и исвиркуваат. Зошто?

Мамиќ правеше циркус во судница, па ги избрка адвокатите

Мамињо предизвика инцидент во судот во Осиек каде требаше да сведочи фудбалерот на Ливерпул Дејан Ловрен. Ги избрка и адвокатите кои го бранеа па им се пушти и на новинарите.

Кошмарот во Неапол низ кој поминал Фабио Кваљарела

Роден е во Неапол и животна желба на италијанскиот репрезентативец му била да игра за тимот од родниот град. Не само што заигра туку и даваше важни голови за пласман во Европа, но никој не знаел дека надвор од теренот поминува низ пекол со морбидни писма за педофилија и уцени.

Како заврши епската правна битка помеѓу Улај и Марина Абрамовиќ

Во 2010 ги гледавме како во МоМА седат еден карши друг со солзи во очите (и нашите и нивните), веројатно потсетувајќи се на младоста и на страсната љубов. Пет години подоцна нивни застапници повторно седнаа еден наспроти друг, но овој пат на суд. Деновиве судот донесе и одлука.

50 нијанси неефикасен лубрикант

Eдна жена ја тужи авторката на еротскиот бестселер, затоа што производот што таа го промовира не ги овозможува рекламираните оргазми.

Хрватската дијаспора ги тужи Дилан и „Ролинг стоун“

Организацијата Хрватски светски конгрес, која го обединува хрватското иселеништво, наскоро пред судот во Париз ќе почне судски процес против американскиот музичар, но и против списанието кое ја има објавено неговата спорна изјава.

Вилијам Фокнер против Вуди Ален

Вчерашната изјава на министерот Попоски, која во медиумите беше пренесена како „историјата треба да остане во минатото" е фала богу спротивна на логиката и на Фокнер, а и на Вуди Ален. Во спротивно можеби ќе нè тужеа.