Таг: страв

Го знаеш оној за короната?: смешното во време на трагедија

Хуморот ни создава чувство дека ситуацијата е под контрола (штом за неа можеме да се смееме), и дека сме поврзани со други луѓе, на кои истата работа им е смешна. Па има ли подобри причини за повеќе да се смееме во моментов?

Најшокантниот театар на светот чии драми биле базирани на црна хроника

Се викал Гранд Гињол, а во него се прикажувале реалистични хорори и претстави со многу секс. Каде, ако не во Париз.

105 експерти за нивните најдлабоки стравови и најголеми надежи за иднината

Најголемата колективна загриженост, и на секој од нас поединечно: што ќе се случи во годините кои доаѓаат, а што може драстично да влијае врз начинот на кој живееме? Од друга страна, што е она на што се надеваме а има потенцијал да се случи? На крајот од 2018 за она што го носат голем број следни.

Кога Сартр халуцинирал дека го следат ракови

Филозофските идеи некогаш знаат да бидат толку откачени, небаре нивните носители - филозофите - се на дроги. Но некогаш тоа не е метафора, туку вистина. На пример во случајот со Сартр.

Како почнала фобијата од летање со авион на Денис Бергкамп

Кога легендарниот играч на Арсенал конечно прифатил дека ја изгубил битката со големиот страв од летање, сфатил дека се ослободил и тогаш го играше најдобриот фудбал во кариерата. Никој не му замерувал зошто патувал и по 2.000 километри со кола за да игра на гостување.

Букбокс читанка: „Ризик: науката и политиката на стравот“ од Ден Гарднер

„Скопски Аеродром ќе се наполни со бегалци“. „Вакцинираните деца имаат до 500% повеќе болести за разлика од невакцинираните“. Ова се само дел од aктуелни наслови на статии на македонските портали. Хиперболи, лажни информации, комбинирани со неколку извичници и вознемирувачки фотографии можaт да го разбудат човекот од камено доба во секој од нас - oној кому му е страв без оглед на свеста дека сето наведено може да е целосна измислица.

Страв убер алес

Фотографијата на која комплетно вооружен германски полицаец стои пред детски карусел за да им обезбеди на најмладите "безгрижно" детство зборува сè за тоа со каков багаж влегува Европа во новата година. 

Ужасната леснотија на терористичките напади

Не е потребно ни оружје, ни тренинг во некој терористички камп, ни обука, ни ништо. Потребно е во земја каква што е Германија (која има 80 милиони возила), да набавиш едно возило и да начекаш толпа народ. Ама, како што вели една балканска поговорка: Бој се овна, бој се говна, кад чемо живети?

Како е да се плашиш од боја?

Вуди Ален и Били Боб Тортон не можат да се израдуваат ни на интензивно црвена лубеница, ни на светло сина боја на некој морски залив. Тие се eдни од оние кои се плашат, или барем чувствуваат голема непријатност од која и да е светла или интензивна боја. А за разлика од змии или летање, ова е многу потешко да се одбегне.

Енциклопедија на стравот

Обемно и богато дело неодамна објавено во Србија, кое во форма на речник на скоро шестотини страници обработува цел низ поими и имиња кои се на различни начини поврзани со стравот. А со него може да биде поврзано сè, затоа што најголемиот страв е всушност оној од - стравот.

Скапата "гола вода" приказна за водата

Мултинационални кампањи направија милијарди долари на фамата дека водата од чешма е несигурна и нездрава. Еве го она што тие не сакаат да го знаете за темата.

Толку од off

Денови тешки, тмурни, неизвесни и посни, и таман за повторување: Господи Исусе Христе, дај ми да потрае неосудувањето. Не сакам да не јадам месо, а да го изедам мојот брат.

FOMO и неговиот антидот JOMO

Веројатно страдате од него, иако не знаете како се вика, и никогаш не сте застанале за да размислите во што се состои вашата секојдневна нервоза. FOМO или СОТНДП (страв од тоа нешто да пропуштиш) е форма на социјална анксиозност, предизвикана од модерните технологии. Знаете за што зборуваме, нели?