Таг: стивен хокинг

Архивата на Хокинг подарена на Британија како даночен надомест

Документи и лични предмети, меѓу кои и персонализирани колички на Хокинг ќе бидат подарени на Музејот на наука и на Универзитетската библиотека на Кембриџ. Тоа за семејствата-наследници ќе значи отпишување даночни долгови.

Нова графичка новела посветена на Стивен Хокинг

Главен лик во графичката новела е научник чии книги беа на листата на бестселери на Њујорк тајмс, и кој предаваше на престижен универзитет. Случајно или не, и нејзиниот автор е исто така поранешен нуклеарен инженер, кој се најде на бестселер листата на Њујорк Тајмс и во моментов е библиотекар на Универзитетот Мичиген. Некако е логично што токму тој се фатил со претставување на славниот теориски физичар и космолог.

Како Стивен Хокинг се вгради во популарната култура

Еден од најславните физичари на светот, Хокинг почина на ден кој му доликува - на 14 март, роденденот на Ајнштајн, а според американската нотација на календарот 3/14, и денот на Пи. Имаше 76 години и, и покрај хендикепот, богата кариера, која не беше само научна.

Најголемиот дел од нашата историја е историја на глупавост

Ставот не е за нас, туку општо за човековата историја, на која, според Стивен Хокинг, имаме потрошено премногу време (а немаме многу научено).

Запознајте го кинескиот Артур Кларк

Еден научно-фантастичен роман од најпопуларниот кинески автор од овој жанр е преведен на англиски. Тоа е можност да се проценат културолошките разлики во пишувањето СФ, кои можат да доведат и до такви живописни приказни во кои сиромашен кинески селанец талка низ вселената рака под рака со Стивен Хокинг.

„Теорија за сè" (2014)

„Зошто Хокинг ја одбил титулата витез од кралицата?" - со доза на чудење прашав на одјавата на филмот. „Затоа што не можел да клекне" - објасни присутниот физичар во собата.

Стивен Хокинг vs. Џон Оливер

Двајцата Британци. Двајцата соодветно славни во Америка. Првиот е еден од најбрилијантните луѓе на планетата, вториот се појавува на телевизија еднаш неделно и никогаш нема да излезе со Чарлиз Терон.

На праг сме да ја направиме најголемата грешка во историјата

Оние кои стравуваат дека човештвото ќе се уништи од сопствената технологија отсега имаат влијателен сојузник во ковањето апокалиптични сценарија. Не нуклеарната технологија ниту пак клонирањето. Стивен Хокинг проценува дека фатална за нас може да биде вештачката интелигенција.

Излезе автобиографијата на Хокинг

Од утре (вторник) на полиците на книжарниците ќе може да се најде најавуваниот прв мемоар на славниот физичар, полн со детали од приватниот живот и фотографии, а како што велат, и со добар хумор.