Таг: стихови

Следната книга на нобеловецот Ишигуро е збирка стихови за џез песни

„Изградив репутација на прозен автор, но почнав со пишување песни“, вели Ишигуро, добитникот на Букер и Нобел. Жената за чии џез изведби пишувал стихови се вика Стејси Кент.

Џони Деп и Џеф Бек украле стихови од затвореник?

Деп и Бек се обвинети за кражба на стихови на некогашен затвореник, кои се појавуваат во песна на нивниот заеднички албум, „18“. Иако можеби станува збор за народна творба, сепак останува етичкото прашање зошто тие се потпишани како единствени автори на стиховите.

Зошто слушаме музика чии стихови не ги разбираме?

Од француски шансони, преку корејски поп и латино песни, вообичаено е луѓето да слушаат песни чии текстови не ги разбираат. Ова не ги спречува да имаат дури и омилени песни помеѓу неразбирливите. Сето ова има врска со нешто што се вика „звучен симболизам“.

Погрешно разбраните весели песни

Има мелодии што те тераат да држиш ритам со глава, или да шизиш (макар и во себе), и толку „лепат“ што стиховите во нив се изговараат по автоматизам, без навлегување во нивното значење. А всушност во сето тоа „опа-иха“ има многу мрак.

Ник Кејв испадна срцка (пак)

Блогот на Кејв станува одличен извор на приказни и комуникација на човекот со светот. Еве ја најновата.

Инсталација на Кејт Буш во чест на 200 години од раѓањето на Емили Бронте

Многу години по синглот „Оркански висови“ од нејзиниот дебитански албум од 1978, Кејт Буш по втор пат ќе ѝ оддаде признание на Емили Бронте, со стихови напишани во нејзина чест, врежани во камен.

Шерлок и критиките во стихови

На 1 јануари излезе првата епизода од четвртата сезона на „Шерлок“ која фановите (=ние) долго време ја очекуваа. Критиката не е воодушевена, ама и aвторот знае како да врати.

„Мондегрин" или феноменот на погрешно слушање стихови од песни

Ви се случило во уво да ви влезе збор од песна од кој никако не можете да се отарасите, дури и кога знаете дека нема шанси тој да гласи така? Не се секирајте, и на други им се случува, а феноменот си има и име.

Ќе спијам (сакам што ноќта е жена)

На она што требаше да биде роденден на Игор, а е вечер во која постхумно се читаат неговите стихови. Топли наспроти студот на светот. 

Луксузно издание на сите стихови на Дилан

Воочи утрешното прогласување на добитникот на Нобел за книжевност, Боб Дилан објавува книга-капиталец, која тешко дека може да ја тркалаш како камен, а нема шанси ни да ја дувне ветар. Може сака да порача - ако покрај толку муабети дека ќе ја добијам пак не ми ја дадете, сега бар имам со што да ве мавам по глава. 

Најглупи текстови кај нас и соседите

Порталот trojka.rs објави список на „најимбецилните“ текстови на српски песни. Пренесуваме дел oд нив, а излегуваме со предлози и за некои од домашните. Ги очекуваме и вашите.

Грбна поезија

Уметничката Нина Катчадуриан специјализира во „редена" поезија. Си зема една книга, па под неа си става друга, и така насловите напишани на нивниот грб ги претвора во стихови.