Таг: статистики

За половина Американци импичментот е губење време на Конгресот

Иако мнозинството Американци сметаат дека Трамп има дела за кои може да биде отповикан, тоа мнозинство се топи кога прашањето е дали тој треба да биде отповикан.

Јувентус и Реал Мадрид низ бројки

Според анкетите пред ждрепката, навивачите на Јувентус го посакуваа Реал Мадрид во полуфиналето од ЛШ. Тоа им се оствари, така што сега се крстат и во традицијата која е на нивна страна.

Многу статистики, за многу работи

Бурек сакаат жени, обично над 60 години, кои повеќе влечат кон левицата и работат во професии од граѓанско општество или во добротворни цели. Хоби и е готвење и најверојатно има мачка, вози Алфа Ромео, омилен филм и Фарго. YouGov компанијата за истражување на пазарот (во Британија), пушти во продукција алатката со која може да пребаруваш било кој бренд, тим, музичар или политичар и да го откиреш нивниот просечен муштерија или фан.

Како да лажеш народ (колеги) со табели

За тие што го имаат надминато основното лажење со бројки и лоши контексти на анкетите, статистиката нуди пристап до повисок степен на заблуда - визуелно прикажување на бројките.

Фудбалот под детален компјутерски надзор

На почеток по топката трчале како будали и се тепале кој прв да ја шутне. Немало ниту камери, ниту телевизори, ниту видео касети, никаква евиденција. Сега може да се измери секоја ситница, и да се извади податок дека Франческо Тоти сезонава ја допрел топката 1.064 пати.

Како да се лаже со точни бројки

Затоа што за детали се интересираат само статистичарите, без разлика дали бројките на нечиј рејтинг се наместени или не, она на што ќе биде освоен народот е како тие ќе бидат прикажани. Тука може многу повеќе да се лаже, без разлика колку ти е точна или неточна методологијата.

Што не може со пендрек, може со статистика

Чикашката полиција нашла ефикасен начин како да ја намали стапката на криминал во градот. Со негово преименување.

На Тајванците веќе не им е до читање

Откако им го свртевме грбот, нашите некогашни стратешки пријатели од милијарда евра толку паднаа во депресија што ни книга не им се отвара.

(Тука наслов) !!!!

Деновиве во САД беше одбележан Националниот ден на интерпункцијата, што нè потсети на фактот дека исто како и со лекот кој во големи количества станува отров, така е и со прекубројните запирки, прашалници, а особено со - извичниците!

Зборовите како морален компас

Обемната архива од 5,2 милиони книги на Google Books во последно време стана прилично користена база на податоци за истражувања од различни домени на општествените науки. Една неодамнешна статија ја анализира фреквенцијата на зборови поврзани со „моралната извонредност и доблеста". Резултатите: не е на арно.

Дали навистина постоело „златно време" на книгата?

Со замената на хартиеното издаваштво со електронско се губи една цела култура на читање и живеење - кукаат конзервативците и носталгичарите. Ајде да ги преброиме книжарниците кои постоеле во тоа ваше „златно време", велат прагматичарите.

Кога порталите бутаат стероиди

Некои од најголемите балкански портали се "фатени живи" како неферски ја билдаат својата посетеност со помош на трикчиња познати и во македонскиот веб простор - iframe и поддомени.