Таг: Србија

Јокиќ скромно ја прими веста дека ја добива наградата МВП

Центарот на Денвер Никола Јокиќ дозна дека е избран за МВП на сезоната 2020/2021 од комесарот на НБА Адам Силвер за време на еден состанок со тимот. Силвер со видео повик ја соопшти веста, а тренерот на Нагетс Мајкл Мелоун додаде дека Јокиќ станал прв МВП во историјата на клубот и прв МВП во НБА биран во втора рунда на драфт.

Никола Јокиќ е МВП!

За најдобар кошаркар на регуларниот дел од сезоната во НБА е избран центарот на Денвер Нагетс кој заслужено ја добива наградата во силна конкуренција со Стеф Кари и Жоел Ембид.

Твит на денот за реакцијата на Роналдо

Србија и Португалија одиграа супер натпревар со 4 гола во квалификациите за Светско првенство. Во последните секунди од мечот Кристијано Роналдо постигна чист гол, ама линискиот и главниот судија проценија дека капитенот на Србите Стефан Митровиќ навремено ја исфрлил топката во аут. Роналдо нервозно тргна да го напушта теренот, пцуеше и ја фрли капитенската лента на земја.

Поздрав за Роберто Карлос од село Падина

Петта лига на Србија, дуел меѓу ФК Долина од Падина и Спартак Дебељача (би ги частеле гајба пиво за имево). Домаќините победиле 4:1, а Марко Јованов го постигнал најубавиот гол на мечот. Сув лист каков што не се наоѓа често ни во Топ5 лигите во Европа.

Кога голман пиел претходната вечер

Некогашниот македонски репрезентативец Душан Савиќ кој играше за неколку овдешни клубови, сега настапува за ФК Дубочица од Лесковац. На мечот против Раднички Пирот во втората српска лига Савиќ постигнал хет-трик а еден од головите му бил поклон од гостинскиот голман Растко Шуљагиќ.

Трамп ја истера нормализацијата меѓу Србија и Косово само за Израел

Договорот не е „историски напредок“ туку само уште еден нож во грбот на палестинскиот народ, се оценува во текстот на Ал Џезира.

Дебелкото со кој никој не сакал да игра баскет, стана главна ѕвезда во НБА

Ден-денес се прераскажува анегдотата за тоа како најпознатиот кошаркарски менаџер во Европа, Мишко Ражнатовиќ го пронашол Никола Јокиќ.

Дали има(ло) жени-гуслари?

Нова книга на српскиот етномузиколог Ива Нениќ се однесува на една интересна тема: жени кои преземаат идентитети кои според стандардите на народната култура не се сметаат за женски. На пример - свират на гусли.

Исповед на српска докторка заболена со ковид-19

Жената завршува на клиниката во Звездара откако има контакт со пациент позитивен на ковид-19. За тоа како докторите и останатите здравствени работници се справуваат со пандемијата има само пофални зборови, за властите сосема е друг вокабуларот, а болеста е башка приказна.

Србите, Турците, Германците, Русите не прекинуваат со фудбал

И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.

Реакции по одлуката Нобеловата за литература да му се додели на „симпатизерот на Милошевиќ“

Денес, 10.10, беа соопштени двајцата добитници на престижната награда, Олга Токарчук и Петер Хандке. Набргу се појавија првите скандализирани реакции на одлуката австрискиот автор да биде закитен со неа. 

Србија е европски шампион во одбојка

До златниот пехар Србите стигнаа без ниту еден пораз на Европското првенство и со неверојатен триумф над домаќинот Франција во полуфиналето и Словенија во финалето. Ова е трето европско злато за нашите соседи.

Ако ви фали играч, ќе дојдам

Српскиот претседател Александар Вучиќ во текот на својата кампања по земјата, посетува сали и фудбалски терени, каде пробува да покаже колку знае со топка.

Знае ли кај тера овој?

На пријателски футсал натпревар меѓу Хрватска и Казахстан се појавува гледач на трибина кој навива за Србија. Најјак.

Фудбалерот на Манчестер кој има два клуба и помага во своето село

Немања Матиќ е човекот чии корени водат и до тетовската околина поради што брат му во еден момент можеше да заигра за репрезентацијата на Македонија. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед важи за голем патриот кој деновиве се најде на удар на британските медиуми.

100 размени на територии по туѓ грб не болат

По повеќе од деценија војни тука и деценија судења во Хаг, уредничкиот колегиум на Фајненшл тајмс иднината на Србија и Косово ја гледа во етнички чисти територии кои би се добиле со размена на територии меѓу двете страни, што е токму точката од која воопшто почнаа сите злотвори на овие простори.

Го менувам Кесиќ за Оља Беќковиќ

Заблудата која е раширена во многу тукашни кругови е дека при држењето на т.нр „медиумска диета“ и следењето на политичката ситуација исклучиво преку сатиричните содржини, човек и понатаму за себе може да тврди дека е добро информиран.

Само диплома Србина спашава

„Биди прв дипломиран диџеј на светот“ е понудата што деновиве ја објави српскиот приватен Универзитет Мегатренд. Дипломата по „диџејство“ ја доделува нивниот Факултет за култура и медиуми.

Нејмар се ролаше како палачинка до паркинг

Бразил и Швајцарија се новите осминафиналисти на Мундијалот во Русија. Бразил не одигра ништо посебно против Србија, но не дозволи изненадување, а Коста Рика со смешен пенал во 93-та стигна до реми против Швајцарија. Нејмар глумеше како никој.

Косоварите собираат пари да ја платат казната на Шаќири и Џака

Иако се најавуваше дека ФИФА ќе ги казни Гранит Џака и Ѓердан Шаќири со неиграње натпревари на Светското, сепак се решија само парично да ги казнат фудбалерите кои имаат потекло од Косово а играат за Швајцарија.

Новинарска “двоглав орел“ провокација

Политичката сензибилност и општествената свест на Џака и Шаќири се неразвиени. Требаше да пуштат вечерва да зборува само фудбалот, напиша германскиот весник Ноје цирхер цајтунг. И место да ја стиши атмосферата и да се осврне на фудбалски извештај од мечот, истото го повтори и еден швајцарски новинар. 

Крстајиќ: Некогаш проклетиот Хаг, а сега ВАР

Селекцијата на Србија е бесна за контроверната судиска одлука во ситуацијата кога Александар Митровиќ беше соборен во шеснаесетник. Селекторот удри на Инстаграм, а на нивна страна е и Рио Фердинанд.

Капитулација на Србија во 90-та минута

Иако постигнаа брз гол по само 5 минути игра, фудбалерите на Србија паднаа физички во вториот дел и го загубија мечот кој ќе ги однесеше во осминафинале. Џака и Шаќири го направија пресвртот по кој сега три селекции во трето коло ќе водат битка за нокаут фаза.