Таг: социјални медиуми

Твојата автоцензура е начинот на кој „разбудените“ победуваат

Државите се обидуваат законски да го ограничат пристапот на младите до потенцијално штетни содржини на интернет, но легалните пипци се куси за еден многу деструктивен феномен, а тоа е автоцензурата. Младината одлучува да молчи за да го избегне „тимскиот дух“ на разбудените, на кои работа им е да бидат во право, желни се за мобилизација и пис на тастатура. 

По ново, неспиењето е полошо за деца отколку социјалните медиуми

Помалку грижа за времето што децата во текот на денот го трошат на социјални медиуми, а повеќе внимание на подолг сон за истите, е новата препорака за родителите.

Направи сам нешто за себе

Кејси Неистат е една од најголемите глобални ѕвезди на социјалните медиуми, со бројки од типот 11 милиони претплатници на Јутјуб, и стравопочит од секој еден од негова фела каде и да се појави. На кратко, Неистат одлучи да се откаже од социјалните медиуми (Твитер и Инстаграм), затоа што му е смачено од истата работа од која и вам ви е смачено само не преземате ништо околу тоа - социјалните медиуми се претворени во комплетно бесцелно губење време, кое не си ни свесен дека ти се случува. А дечкото не прави ништо радикално, туку само решава да ги избрише апликациите од својот смартфон, што е буквално еден потег пер социјална мрежа.

Магичниот круг на ужасот на социјалните медиуми

На Фејсбук и посебно Инстаграм луѓе изгледаат како да имаат подобар и посреќен живот отколку што стварно имаат. Луѓе ги гледаат ваквите фејк претстави, потајно мислејќи си - нит сум толку среќен, нит така добро изгледам, значи сигурно не ме бива. И кругот се повторува. Во реалноста, првите ниту се толку способни, ниту се толку среќни (добар дел страдаат од депресија и слично), а и никој не изгледа добро цело време; вторите, не се ни толку несреќни, ни толку грди. Дослушајте што друго имаат да кажат Елон Маск и Џо Роган на тема социјални медиуми.

Како тинејџерки мислат дека треба да изгледаат за на Инстаграм

Фотограф ангажира 15 тинејџери на возраст од 13 до 19 години, ги фотографира и има ги дава сликите да ги уредат колку што мислат дека треба пред да ги објават на Инстаграм или кој и е да е друг социјален медиум.

Твитер треба да го укине ретвитот

Зошто? Затоа што „опцијата го исфрла од шини секој здрав разговор и ги лови најлошите инстинкти на корисниците“.

Лајффејкер, кога мислењето на другите ви е поважно од сè

Лајффејкер е нов сајт кој за евтини пари нуди пакети со фотографии за постирање на социјални медиуми, кои ќе направат да изгледате како да имате супер интересен живот. Во понудата има пакети како „Гледај каде бев на одмор и плачи“, „Дури и моето маче / куче е посреќно од тебе“ или „Гледај што ручав“. Она што е најважно за Лајффејкер е дека е лажњак и сајт направен од стартапот за ментално здравје Санктус кој со проектот „сака да го нагласи нездравото однесување на социјални мрежи и нивното штетно влијание врз менталното здравје.“

За дератизацијата на социјалните мрежи

Нема ден да пројде а нормален човек да не се запрепасти каков сè отров се има проширено на социјалните мрежи. Ама па цензурата е крајно лош и практично неприменлив противотров. Особено што сега оваа валкана работа државите елегантно ја аутсорсираат па на приватни компании им препуштаат да проценуваат што може а што не може да оди во јавност.  

Човекот што 2 месеца вестите ги дознаваше од весник

И покрај тоа што комплетно се изолира од електронски извори на вести или нотификации од кој било вид, сепак информацијата за масакрот во Паркленд некако успева да се пробие до Фарад Манџу од Њујорк тајмс. Освен инцидентот тој успешно го завршува 2-месечниот целибат.

Создадовме алатка која го уништува човековото општество

Чамат Палихапитија е меѓу најраните вработени на Фејсбук, а подоцна станува и директор во компанијата, пред да одлучи дека има доволно пари за да ја напушти и да оформи сопствен инвестициски фонд. Денес не само што е разочаран од тоа во што се претворил Фејсбук туку и искрено е уплашен.

Социјални медиуми: ширењето „вируси“ како доблест

Американците си ги допираат мобилните во просек повеќе од 2600 пати дневно. Населението на САД прди околу 3 милиона пати во минута, но лајкува постови на Фејсбук околу 4 милиони пати во минута. Некако сме среќни што нема ваква статистика за Македонија. 

Социјалните медиуми во 1857

The Atlantic, списание со според нас едни од најдобрите текстови од областа на културата и уметноста, во моментов сопственост на вдовицата на Стив Џобс, слави 160 години од излегувањето на првиот број. Повод за потсетување како изгледал медиумскиот свет пред повеќе од век и пол.

Фејсбук ќе треба да и плаќа казни на Германија за тоа што некој бил идиот на Фејсбук

Од октомври годинава Фејсбук, Твитер, Гугл и други социјални медиуми можат да бидат казнети од Германија со глоба и до 50 милиони евра доколку на нив некој објави нешто навредливо, расистичко или слично.

Онлајн платформите како поле за труење на јавниот разговор

Политичките дискусии на интернет се перципирани дека се без почит, дека е помалку веројатно да бидат разрешени, дека се помалку цивилизирани и погневни, отколку дискусиите во другите околини.

Не ви е Фејсбук крив за Трамп

Треба да се разјасни дека Фејсбук не ги реши изборите, и Трамп нема да биде следниот претседател на САД заради неговата способност да се расправа со медиуми и славни личности на Твитер, пишуваат Кит Хемптон и Езтер Харгитаи во Хил.

Твитер троловите се штетни за демократијата

Анкета покажува дека на 65% од корисниците на социјални медиуми им е смачено од тоа колку е гнасен онлајн разговорот околу политика. Њујоркер 2016 ја нарече "Годината на политичкиот трол". Заклучокот на Вашингтон пост е дека тролањето не само што лошо влијае на корисниците на социјални медиуми, туку и штети и на демократијата.

Околу на илузијата на приватност

Рускиот фотограф Јегор Цветков на секојдневната рута од / до работа прави повеќе безазлени фотки од најразлични луѓе што ги среќава по пат. Не му се за изложба, туку му се за многу посериозна поента околу вашите слики по социјалните мрежи.

Славата на оние кои се никој и ништо

Луѓето сакаат да веруваат дека славните личности, па дури и оние со лажна онлајн слава, имаат некаква вредност, и покрај доказите за спротивното. Обележјата како бројот на следбеници добиваат енормно голем приказ на нашите социјални профили. Луѓето обично тоа погрешно го сфаќаат како индикатор за квалитет на нечие присуство на социјалните медиуми, пишува Анил Даш човек со 550.000+ следбеници на Твитер.

Фармите што ќе ги упропастат социјалните медиуми

За да влезе на работа 17-годишната Ким Касипонг мора да мине покрај бодликава жица, шест кучиња и стражар. Девојчето работи со социјални медиуми.

Вести без рок на траење

Неодамнешната "вест" за смртта на еден нигеријски писател (две години откако тој почина) покажа дека времето го губи своето значење во одредувањето што е тоа вест. На социјалните медиуми, имено, сè се случува цело време.

Тинејџерска рецензија на социјалните мрежи

19-годишен студент на Универзитетот Тексас, Остин, дава свое тинејџерско (за малку) мислење на социјалните медиуми што ги користи, и каков е неговиот став, и на тие што му се генерација, околу секој до нив.

Брендовите џабе фрлаат пари на Фејсбук и Твитер

Компанијата за пазарни анализи Форестер објавува извештај за брендовите под наслов "Функционални стратегии за социјални врски." Во него објаснуваат што функционира. Фејсбук и Твитер не.